Здравко Мамиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Здравко Мамиќфудбалски работник којшто е моментално официјален извршен директор на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб.

Роден е во Бјеловар. Потекнува од селото Зидине во околината на Томиславград каде што е роден татко му.[1] На млади години играл во Динамо Загреб.[2] Мамиќ бил главен директор на Динамо Загреб од 1992 до 1994 кога Динамо Загреб ја освоил лигата во 1993 година и купот во 1994 година.

Во 1995 година станал директор на Осијек во сезоната кога клубот за првпат добива право на учество во Купот на УЕФА. Во сезоната 1996 година станал директор на фудбалскиот клуб Сегеста од Сисак, а од 1997 до 1999 година бил директор на Кроатија Сесвете.

Член на извршниот одбор на Динамо Загреб станал во 2000 година, а од 2003 година бил извршен потпретседател. За време на неговиот мандат Динамо Загреб ја освоил лигата десет пати (2000, 2003, 2006, 2007 - 2013). Покрај лигата, Динамо го освоил и купот осум пати (2001, 2002, 2004, 2007 - 2009, 2011 и 2012).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mamić: 'Bio bih ponosan da mi Monika bude snaha'. Jutarnji list. 25 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 2014-02-17.
  2. „Mamić nikada nije ispunio obećanje i otišao“. Dalje.com. 5 март 2009. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 2014-02-17.