За потеклото на видовите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„За потеклото на видовите
преку природна селекција“  
Origin of Species title page.jpg
Насловната страница на изданието од 1859
Автор Чарлс Дарвин
Наслов на
оригиналот
On the Origin of Species
by Means of Natural Selection
Земја Велика Британија
Јазик англиски
Предмет(и) еволутивна биологија
Издавач Џон Мјуреј (John Murray)
Издадена 24. ноември 1859.
Медиум Печатена книга
ISBN ISBN 0-486-45006-6

Книгата За потеклото на видовите од Чарлс Дарвин, за прв пат објавена во 1859 година, е зачетник во научната литература и во еволутивната биологија.[1] Оригиналното име на книгата било За потеклото на видовите преку природна селекција, или зачувување на подобрите раси во борбата за живот, а за шестото издание во 1872 насловот бил скратен само на Потеклото на видовите.[2] Таа ја претставила пред јавноста теоријата дека биолошките популации еволуираат со текот на генерациите низ процес на природна селекција. Книгата на Дарвин била резултат на доказите кои ги собрал во текот на второто патување на бродот „Бигл“ во 1830-тите и ги проширил преку дополнителни истражувања и експерименти по враќањето.[3]

Книгата е читлива и за лаици и поради тоа предизвикала голем интерес во јавноста. Кога била издадена, таа била контроверзна со религиозните верувања за потеклото на животот, и поради тоа предизвикала многу дискусии на научна, философска и религиозна основа. Научната теорија за еволуцијата и самата еволуирала од првобитнто објавување од Дарвин, но до денес природната селекција е широко прифатен научен модел за настанокот на видовите. И покрај широкиот научен консензус, во некои земји и денес постојат огорчени противници на Дарвиновата теорија.

Накусо за теоријата на Дарвин[уреди]

Дарвиновата теорија, изложена во делото „За потеклото на видовите“ се заснова на некои клучни опсервации и изведени заклучоци:[4]

  1. Видовите имаат висока плодност. Тие раѓаат повеќе потомци отколку што можат да доживеат зрелост.
  2. Популациите остануваат грубо со иста бројност, со мали промени.
  3. Ресурсите на храна се ограничени, но се релативно стабилни во текот на времето.
  4. Поради досега наведеното, се развива имплицитна борба за опстанок.
  5. Кај потомството, генерално нема две исти индивидуи.
  6. Некои од овие варијации директно ја афектираат способноста на индивидуата да преживее во дадена околина.
  7. Голем дел од овие варијации се наследни.
  8. Индивидуите кои се послабо прилагодени кон околината имаат помали изгледи да преживеат и да се репродуцираат, и обратно.
  9. Индивидуите кои преживуваат имаат изгледи да ги пренесат своите наследни особини на следните генерации.
  10. Овој бавен процес резултира со популации кои со текот на времето се прилагодуваат на околината, и конечно, по поголем број генерации, овие варијации сочинуваат нови варијации, и најпосле, нови видови.

Наводи[уреди]