Зајфен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зајфен
Seiffen (02) 2006-11-30.jpg
Зајфен се наоѓа во Германија
Зајфен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Општ. заед. Зајфен
Локални единици 2
Градоначалник Хајнц Зајдлер
Основни податоци
Површина 12,43 км2
Надм. височина 650 м
Население 2.316 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 186 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09548
Повик. бр. 037362
Портал www.seiffen.de
Местоположбата на Зајфен во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Координати 50°38′54″ СГШ 13°27′08″ ИГД / 
Црква во Зајфен

Зајфен (германски: Seiffen) — град во округот Рудни Планини, кој е сместен во јужниот дел на Саксонија во Германија. Најраните спомнувања на градот се од 1324, кои се однесуваат на „Cynsifen“.

Зајфен е вгнезден во срцето на Рудните Планини, кои се познати по многуте божиќни традиции. Како се намалувале резервите на среброто и калајот, поранешните рудари морале да пронаоѓаат нови начини за да ги прехранат своите семејства. Како дополнување на ткаењето и чипката, жителите се свртеле кон резбата. Во Рудните Планини се прават најразлични видови на божиќни украси. Зајфен е центарот на дрвната индустрија за играчки.

Историја[уреди]

Панорама
Музеј за играчки
Типична куќа

Историјата на Зајфен започнала, кога биле отворени во округот, пред 700 години. Со затворањето на рудниците во областа, Зајфен се свртел кон производство на дрвени играчки како средство за економски опстанок. Во 1699, жителот на Зајфен Јохан Фридрих Химан ги однел играчките на Зајфен на пазар во Нирнберг. Нирнберг бил пазар за дистрибуција на играчките за поголемиот дел на Европа во тоа време. Зајфен бил во можност да избие на овој пазар за играчки поради два фактори. Прво, ниската цена на животот и економската депресија на Рудните Планини дозволиле многу пониски цени отколку остатокот од европските производители на нирнбершкиот пазар. Второ, високиот квалитет на играчките, кои се произведувале во Зајфен.

Технолошки развој[уреди]

Големиот развој во производството на играчки започнал на Рудните Планини. Новите методи, обично користени за правење на дрвени животни, дозволувале поголема прецизност и квалитет за многу помалку време, отколку што требало за изработка на целиот дел. Во 1890 била променета извозната царина од базирање на вредност, на тежина. Ова значело дека дрвените играчки сега биле многу поскапи да се купат сегаде, освен во германската држава Саксонија. Храбрите производители од Зајфен развиле минијатурни играчки во кибрити. Оваа орнаментна големина била многу мала, па можела да биде извезувана евтино. Се користеле многу делови и се правеле многу детали. Музејот за играчки во Рудните Планини е меѓународно познат музеј за играчки, кој прикажува голема збирка на типични дрвени играчки од Рудните Планини и слични предмети.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]