Зајак без уши (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зајак без уши (германски: Keinohrhasen) е романтична комедија од 2007 година, продуцирана и режирана од Тил Швајгер. Соавтор е Аника Декер, а во него глумат Нора Чирнер и Тил Швајгер, а пак приказната во филмот се врти околу репортерот на жолтиот печат Лудо и неговата поранешна соученичка Ана, кои се сретнаа после неколку години,кога тој требаше да работи добровлона работа 300 часа во центар за дневно згрижување каде што таа работи.
Продуциран од „Барфут фимови„ ( Barefoot Films ) и„ Варнер Брос„ ( Warner Bros ).,филмот беше прикажуван низ Германија на 20 декември 2007 и стана неочекуван хит заработувајќи во билетарниците 74,000,000 долари. До 20 Април 2008 „Зајак без уши„ (Keinohrhasen) постигна гледаност од повеќе од шест милиони и се рангираше на шестото место на листата за најуспешните германски филмови во Германија. Филмот беше награден со „Голдене Лајнванд„ (Goldene Leinwand)наградата, „Богу награда„ ( Bogey Award), „Германска награда за комедија„ ( Deutscher Comedypreis) и „Бамби„ (Bambi) наградата но и беше номиниран на „Европските филмски награди за 2008„(European Film Awards 2008). Продолжението наречено „Зајак без уши 2„ (Zweiohrküken) беше пуштено на 3 декември 2009 година.

Дејствие[уреди | уреди извор]


Лудо Декер (Швајгер) репортен на жолтиот печат од Берлин. Неговата дневна рутина, со фотографот Мориц, е да ги шпионира познатите личности за таблоидот „Дас Блат„ (Das Blatt).

Кога познатата личност,боксерот Владимир Кличко треба да наздрави на забавата за сввшувачката со Ивоне Катерфелд, Лудо и Мориц се на местото на настанот за да репортираат во врска со тоа. Лудо ќе го скрши стаклото на кровот и ќе падне во тортата, а поради тоа ќе добие казна за добровлона работа од 300 часа во центар за дневно згрижување.

Таму ќе се сретне со Ана Гоцловски (Чирнер), менаџерката на центарот. Ана порасна во истото маало како и Лудо и порано била исмевана од него. Се одмаздува на тој начин што му дава понижувачки задачи да прави.

По некое време тензијата помеѓу Ана и Лудо ја снемува и тие стануваат пријатели. Кога состанокот на Ана со некој друг дечко тргнува наопаку, таа се појавува пред станот на Лудо барајќи удобност.

На крајот Лудо ќе сфати дека чувствува нешто повеќе за Ана отколку што мислел. За време на детскиот фестивал во локалниот театар, тој упаѓа во изведбата и изјавува љубов на Ана, која седи во побликата со децата. Откако е отпуштен од работа во таблоидот, зазема работа во објектот на Ана.

Глумци[уреди | уреди извор]


•Тил Швајгер како Лудо Декер,добро познат репортер од жолтиот печат
•Нора Чирнер како Ана Гоцловски, поранешна соученичка на Лудо
•Матијас Шваигхофер како Мориц , папарацо и пријател на Лудо.
•Алвара Хофелс како Миријам Штаинфелд, колешка и пријателка на Ана.
•Барбара Рудник како Лили Декер, постарата сестра на Лудо.
•Паул Максимилиан Шулер како Лоло,синот на Лили.
•Ема Тајгер Швајгер како Џени –Блу, a kid at the day-care facility.
•Лоли Камил Швајгер како Саша, дете од градинката.
•Луна Мари Швајгер како малата Ана
•Валентин Флориан Швајгер како малиот Лудо.
•Рик Каваниан, како главен уредник на весникот „Дас Блат„ (Das Blatt).
•Јурген Фогел
•Кристијан Трамиц
•Владимир Кличко
•Ивоне Катерфелд
•Волфганг Штумф како такси-возач
•Армин Роде како Бело.
•Фари Огун Јардим како Муки
•Каи Лентрод како такси-возач
•Сонсе Ној како судија
•Паскал Алеарди, како адвокат на Лудо
•Елена Улиг,како работник во хотел
•Џорџ Блоб како Мичи Нусбауер, фолк музичар
•Нина Пол како Даниела Берг,партнерка на Мичи.
•Ане – Софи Брист како Менди , водител на "Ministerluder"

Награди[уреди | уреди извор]


•2008: Голден лаинванд (Goldene Leinwand) со звезда за повеќе од 6милиони гледачи
•2008: Златна Боги награрада (Bogey Awards) за 3 милиони гледачи во рок од 30 дена
•2008: Голден лаинванд (Goldene Leinwand)
•2008: Ернст Лубик награда (Ernst Lubitsch Prize)
•2010: Бронзена Палм –награда (Bronze Palm Award) на мексиканскиот меѓународен филмски фестивал