Засрамен да е тој што лошо мисли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Honi soit qui mal y pense е мото на англискиот витешки Ред на Подвеската или Жартиерски ред (Order of the Garter). Ова е буквален превод од старофранцуски, и значи: „Засрамен да е тој што лошо мисли“[1] (но понекогаш ова се реинтерпретира како „Зло на тој што зло мисли“[2]).

Се претполага дека фразата за прв пат ја искажал кралот Едвард III кога танцувал со грофицата од Солсбери. Додека танцувале, нејзината подвеска ѝ се лизнала до коленото, што предизвикало потсмев и понижување. Како витешки (кавалерски) чин Едвард ја ставил подвеската околу својата нога и рекол „Honi soit qui mal y pense“. Оваа фраза подоцна станала мото на витешкиот ред.

Оваа фраза има значење на тоа да ги прекори сите оние кои мислат дека лицето, организацијата или нивните дела се со задни или себични намери. Тоа им укажува на чесноста на носителот на тоа мото.

Мотото на овој витешки ред е прикажано на подвеска околу штитот на кралскиот грб на Обединетото Кралство. (Самото мото на кралскиот грб, Dieu et mon droit е прикажано на лента во подножјето на штитот). Неколку полка на Британската армија исто така го користат мотото на Редот на Подвеската, меѓу кои се и Гренадирската гарда, Кралскиот фузилерски полк, Коњичката стража (Life Guards) и Сини и Ројали (Blues and Royals).

Мототое присутно и на амблемот на Кралската австралисја инженерија, поставено на кружен ремен, опкружен со венец, а врз тоа - кралска релагија.

Мотото стои и на официјалниот амблем на Јужноавстралиските железници.

Наводи[уреди]

  1. Ред на Подвеската“. Encyclopedia Americana XII: 300. (1919). New York: Encyclopedia Americana Corp..
  2. Thomas, Tayler. (1866). „Equites Garterii“. The Law Glossary: Being a Selection of the Greek, Latin, Saxon, French, Norman, and Italian Sentences, Phrases, and Maxims, Found in the Leading English and American Reports and Elementary Works: With Historical and Explanatory Notes : Alphabetically Arranged, and Translated into English, for the Use of the Members of the Legal Profession, Law Students, Sheriffs, Justices of the Peace, Etc. Etc.: 183. New York: Baker, Voorhis & Co..