Засенбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Засенбург
Улица во Нојдорф-Платендорф
Улица во Нојдорф-Платендорф
Улица во Нојдорф-Платендорф
Грб на Засенбург
Засенбург во рамките на Германија
Засенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гифхорн
Месни единици 6
Градоначалник Фолкер Армс (СДП)
Основни податоци
Површина 88,4 км2
Надм. височина 55 - 69 м
Население 11.929 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 135 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GF
Пошт. бр. 38524
Повик. бр. 05371, 05378, 05379
Портал www.sassenburg.de
Местоположба на Засенбург во рамките на округот Гифхорн
Карта
Карта
Координати 52°31′0″N 10°38′0″E / 52.51667° СГШ; 10.63333° ИГД / 52.51667; 10.63333Координати: 52°31′0″N 10°38′0″E / 52.51667° СГШ; 10.63333° ИГД / 52.51667; 10.63333

Засенбург (германски: Sassenburg) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри североисточно од градот Гифхорн и околу 15 километри северозападно од градот Волфсбург.

Седиштето на општината се наоѓа во селото Вестербек.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓа на подрачје помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле, источно од Гифхорн и северозападно од Волфсбург. Во јужниот дел на општината во насока исток-запад поминува реката Алер. Истовремено, во насока север-југ поминува страничниот канал на Елба. Општината има површина од 8840 ha, од кои 17% се станбена и сообраќајна површина.[2]

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини се (од север надесно): Варенхолц, Ера-Лесин, Барведел, Јембке, Бокенсдорф, Ослос, Калберла, Изенбител и Гифхорн.

Најблиски поголеми градови се Волфсбург и Брауншвајг.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината се состои од следниве населени места:

  • Даненбител
  • Грусендорф
  • Нојдорф-Платендорф
  • Штиде
  • Триангел
  • Вестербек

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Niedersächsisches Institut für Wirtschaftsfragen e. V. (Hrsg.): Regionalbericht 2006 : Wirtschaftsraum Braunschweig – Salzgitter – Wolfsburg. IHK Braunschweig, Hannover 2006. (PDF; 1.4 MB Архивирано на 10 јули 2007 г.).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]