Засекогаш вљубени
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Засекогаш вљубени | |
| Жанр | драма теленовела |
|---|---|
| Создадена од | Лилијана Абуд |
| Настапуваат | Ана Бренда Контрерас Хосе Рон Патрисија Навидад Алехандро Авила |
| Земја на потекло | Мексико |
| Јазик | шпански |
| Број на епизоди | 140 |
| Продукција | |
| Изврш(ен/ни) продуцент(и) | Марта Патрисија Лопез де Затараин |
| Времетраење | 45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | Канал 2 |
| Емитување | 28 јули 2008 – 6 февруари 2009 |
| Хронологија | |
| Проследена од | Љубовно лето 2009 |
|
|
|
Засекогаш вљубени (шпански јазик: Juro Que Te Amo) е мексиканска теленовела. Серијата во Мексико со прикажување започна на 28 јули 2008 во ударниот термин заменувајќи ја теленовелата Бура во рајот. Во главните улоги се појавуваат Ана Бренда Контрерас и Хосе Рон.
Серијата кај нас моментално се емитува на Сител телевизија.
[уреди] Синопсис
Виолета Мадригал е млада и убава девојка која живее во село со своите родители Амадо и Антонија, и браќата Хулио, Лиа и Даниел. Нејзиното семејство било најбогато во селото пред да го изгубат богатството, а со тоа виделе колку луѓето се дволични. Хустино Фрегосо, најмоќниот човек во селото се збогатил на сметка на семејството Мадригал. Неговата сопруга, Малена Фрегосо, ужива во богатството, а ќерката Мариела константно ја понижува Виолета. Амадо отсекогаш го обвинувал својот братучед Маријано Ласкано за својата несреќа, бидејќи тој бил партнер во фирмата и решил да ги повлече парите откако неговата вереница Антонија решила да се венча со Амадо. Поминале многу години, Амадо ги натерал децата да го мразат Маријано, а пак тој е несреќен со својата жена Леонора и децата Ренато, Пабло и Ивана кои мислат само на себе. По смртта на Амадо, Виолета мора да го исполни последното ветување што му го дала – да работи за да го извлече семејството од сиромаштија. Мариела Фрегосо ја понижува и двете се борат за љубовта на Макс, сѐ додека Виолета не го сретнува Хосе Марија, младо момче кое веднаш сфаќа дека Виолета е жената на неговиот живот. Хосе Марија сака да ја освои, но Виолета е заслепена од неискуството и од Макс и мисли дека него го сака. Ситуацијата на семејството Мадригал се влошува и тие мора да живеат во куќата на Ласканови, каде што мора да ја трпат Фауста, тетката на Леонора, која ги мачи и ги гледа како страдаат само за забава. Семејството Мадригал тешко ќе созреат, но барем ќе бидат заедно.
[уреди] Улоги
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Ана Бренда Контрерас | Виолета Мадригал |
| Хосе Рон | Хосе Марија Алдама |
| Патрисија Навидад | Антонија де Мадригал |
| Алехандро Авила | Маријано Ласкано |
| Луис Хосе Сантандер | Амадо Мадригал |
| Алексис Ајала | Хустино Фрегосо |
| Флоренсија де Саранчо | Мариела Фрагосо |
| Марсело Кордоба | Максимилиано Куелар |
