Запали по читањето (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Запали по читањето“ (англиски: Burn After Reading) е американски филм од 2008 година, во режија на браќата Итан и Џоел Коен. Главните улоги ги играат: Џорџ Клуни, Џон Малкович, Франсес Мекдорманд и Бред Пит.[1]

Браќа Коен

Содржина[уреди | уреди извор]

Агентот на ЦИА за Балканот, Озборно Кокс - Ози (го игра Џон Малкович), ненадејно добива отказ, поради неговите проблеми со алкохолизмот. По отказот, тој планира да напише книга во која ќе зборува за својата работа за ЦИА. Истовремено, тој има проблеми во бракот, т.е. неговата жена, Кети, има љубовник (Хари, кој го игра Џорџ Клуни), а по отказот на Ози, таа изнајмува адвокат со цел да ги блокира неговите финансии. Случајно, во една сала за вежбање пронаоѓаат диск со тајни податоци од компјутерот на Ози. Двајца вработени од салата за вежбање добиваат идеја да го искористат дискот за да изнудат пари од Ози, но тој грубо ги одбива. Оттука, тие одат во советската амбасада со намера да им ги продадат податоците, но таму откриваат дека се работи за безвредни податоци и не се заинтересирани да им платат.

Истовремено, љубовникот на Кети, Хари, преку интернет се запознава со жената од салата за вежбање, која го уценува Ози, бидејќи сака да најде пари за да изврши неколку пластични операции. Тие стапуваат во љубовна врска, а Хари во меѓувреме има чувство дека некој постојано го следи. Кога, најпосле, ќе го фати својот прогонител, од него дознава дека неговата жена сака да се разведе и дека таа ангажирала адвокат за да ги испита постапките на Хари. По пропаднатиот обид да ги продадат податоците од дискот, уценувачот од салата за вежбање (го игра Бред Пит) оди во куќата на Ози со намера да најде дополнителни податоци. Тогаш, ненадејно во куќата влегува Хари, кој во паниката го убива уценувачот. Деновите по извршеното убиство, Хари е целосно психички растроен и раскинува со Кети и со жената од салата за вежбање.

На крајот од филмот, Ози го убива шефот на салата за вежбање (кој провалува во неговиот подрум), но агентот на ЦИА го убива Ози. Хари се обидува да избега во Венецуела, но на аеродромот е уапсен од агентите на ЦИА, додека жената од салата за вежбање добива пари од ЦИА во замена на ветувањето дека ќе молчи за сè.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 822, 28.3.2014, стр. 27.
  2. Антена, број 822, 28.3.2014, стр. 27.