Западнопомерански дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија

Западнопомерански дијалект (германски: Westpommersch или Vorpommersch) — дијалект на долногерманскиот јазик. Денес е говорен во Западна Померанија (Vorpommern) во североисточна Германија. Кон западните делови на областа, дијалектот постепено преминува кон мекленбуршкиот, кој како и западнопомеранскиот, припаѓа на мекленбуршко-западнопомеранскиот дијалект. Кон јужните делови се меша со бранденбуршкиот. Западнопомеранскиот има извесно западнословенско влијание. Се одликува со силен и краток говор.

Фондот на зборови на западнопомеранскиот дијалект е собран и запишан во Померанскиот речник (Pommersches Wörterbuch).

Поврзано[уреди | уреди извор]