Западна приградска линија (пекиншко метро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Западната приградска линија на Пекиншкото метро (кин. 北京地铁西郊线, пинјин: běijīng dìtiě xījiāo xiàn) е метро-линија во изградба во реонот Хајдиен во Пекинг, НР Кина. Линијата ќе минува северно и западно од Багоу, по линијата 10 до Кадилните Ридови. Линијата е долга 9,3 км, а трошокот на изградба изнесува 1 милијарда јуани. Ќе има пет станици: Багоу, Минџуанг, Вананли, Ботанички градини и Кадилни Ридови. Изградбата на линијата започнала на 7 јануари 2010 и треба да заврши во 2011[1].

Карта на тековните и планираните линии на пекиншкото метро. Полните линии ги означуваат линиите 1, 2, 4, 5, 8 (етапа I), 10 (етапа I), 13, Батунг, и Аеродромската линија. Испрекинатите линии се оние што треба да се довршат до 2015е 6, 7, 8 (етапа II), 9, 10 (етапа II), 14, 15, Чангпинг, Дасјинг, Фангшан, Западната приградска линија и Јиџуанг.


Наводи[уреди]