Западна Македонија (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на грчката административна област. За други значења видете Македонија (појаснување)
Coat of arms of Greece.svg
Периферија Западна Македонија
Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας
Локација на периферијата Западна Македонија во Грција
 
Главен град Кожани
Префектури Гребен
Лерин
Костур
Кожани
Население 303.857 (2005)
Површина 9.451 km²
Густина 32 жители/km²
Податоци...
Портал www.westernmacedonia.gr

Западна Македонија е регион во северна Грција, која се протега во западниот дел на Егејска Македонија.

Според новата административна реформа од 1 јануари 2011, Грција е поделена на 13 региони (поранешен назив периферии), кои понатаму се поделени на регионални единици (поранешен назиф ‘префектури’), а пак тие на општини.

Според оваа реформа регионот Западна Македонија е поделен на 4 регионални единици (поранешни префектури): Гребен, Лерин, Костур и Кожани, кои пак се поделени на вкупно 12 општини. Вклучува неколку поголеми градови, меѓу кои спаѓа и главниот град на областа - Кожани, како и градовите Костур, Лерин и Гребен.


Општина (грч.) Македонски назив Регионална Единица (Префектура) Население Седиште (грч.)
1. Kozani Кожани Кожани 68.680 Kozani
2. Eordaia Каљари Кожани 46.540 Ptolemaida
3. Voio Сачишта Кожани 22.447 Siatista
4. Servia-Velventos Серфиџе Кожани 17.657 Servia
5. Deskati Дескати Гребен 7.383 Deskati
6. Grevena Гребен Гребен 30.564 Grevena
7. Nestorio Нестрам Костур 3.542 Nestorio
8. Orestida Хрупишта Костур 13.375 Argos Orestiko
9. Kastoria Костур Костур 36.566 Kastoria
10. Prespes Преспа Лерин 2.511 Laimos
11. Florina Лерин Лерин 33.282 Florina
12. Amyntaio Суровичево Лерин 18.975 Amyntaio
Извор: Резолуција 45892, Министерство за Внатрешни работи на Грција (на Грчки јазик)