Западен долногермански јазик
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Западен долногермански јазик | |
| Застапен во | Германија, Холандија, Данска |
|---|---|
| Говорници | ≈4 милиони |
| Јазично семејство |
индо-европски
|
| Јазични кодови | |
| ISO 639-3 | – |
Западен долногермански јазик, познат и како долносаксонски (германски: Niedersächsisch, холандски: Nedersaksisch), е група на долногермански дијалекти зборуван на северозападот на Германија и соседните територии. Заедно со источен долногермански ја создава групата на долногермански дијалекти (германски: Niederdeutsch или Plattdeutsch).
Јазичната област се протега во германските покраини Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија (вестфалскиот дел), Бремен, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Саксонија-Анхалт (северозападните области околу Магдебург), ккао и североистокот на Холандија (зборуван во Гронинген, Дренте, Оверејсел и северниот дел на Хердерланд) и Германците во јужниот дел на Данска.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
| Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |