Западен Тимор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на островот Тимор.

Западен Тимор (индонезиски: Timor Barat) — западниот дел на островот Тимор, дел од индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара. Источниот дел на островот е независната држава Источен Тимор. Западен Тимор е доминантно христијански регион.

За време на колонијалниот период, Западен Тимор бил познат како Холандски Тимор и бил центар на холандските лојалисти за време на Индонезиската национална револуција (1945–1949).[1][2]

Географија[уреди]

Западен Тимор има вкупна површина од 15.850 километри квадратни и го зазема западниот дел на островот Тимор. Највисоката точна во Западен Тимор е Мутис со 2.427 метри. Најјужниот остров во Индонезија, Роте, е југозападно од Западен Тимор. Најголем град во Западен Тимор е Купанг.

Административна поделба[уреди]

Западен Тимор е дел од покраината Источна Нуса Тегара. Порано бил поделен на Град Купанг и четири округа. Во 2012 година бил основан и петтиот округ. Околу 35% од населението на покраината живее во Западен Тимор.

име адм. центар проц. статут површина (км²) население
попис 2010[3]
Купанг Купанг 1958 UU 69/1958 5.898,18 303.998
Јужноцентрален Тимор Сое 1958 UU 69/1958 3.947,00 440.470
Северноцентрален Тимор Кефаменану 1958 UU 69/1958 2.669,66 229.603
Белу Атамбуа 1958 UU 69/1958 2.445,57 352.400
Град Купанг * 160,34 335.585
Западен Тимор Купанг 15.120,83 1.662.056
Белешка: Бројките за Белу ги вклучуваат и тие за Малака.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Индонезија.

Населението на Западен Тимор е доминантно христијанско, односно 56% се Католици, 35% се Протестанти и само 8% се Муслимани. Има околу 1.8 милиони жители во регионот според податоците од 2008. Доминантен јазик е индонезискиот јазик, но населението зборува и на други австронезиски јазици, меѓу нив тетумски, уаб мето, ндаонаски и др.[4] Познавањето на холандскиот е денес само меѓу постарите лица и е ограничено.

Економија[уреди]

Просечната невработеност на Западен Тимор е 2.39%.[5] 30% од населението живеат под линијата на сиромаштијата (според податоците од 1998 и 2012). Економијата е воглавно земјоделска.

Наводи[уреди]

  1. Great Britain. Foreign Office. Historical Section (1920), „Dutch Timor and the Lesser Sunda Islands“, H.M.S.O, http://trove.nla.gov.au/work/6111822, конс. 17 јануари 2014 
  2. Allied Forces. South West Pacific Area. Allied Geographical Section (1943), „Area study of Dutch Timor, Netherlands East Indies“, The Section, http://trove.nla.gov.au/work/6610368, конс. 17 јануари 2014 
  3. BPS Provinsi NTT
  4. West Timor Island
  5. [1]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]