Заминување на децата од селото П’пли

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Евакуацијата на П’пленските деца официјално започнала на 15 март 1948 година, заедно со останатите деца од околните села. Поделбата на децата во групи била направена уште во селото. Секоја група имала и одговорно лице кое било од нивната средина. Така, децата од селото П’пли кои биле вкупно 91, биле поделени на 4 групи. Одговорните личности за овие групи биле:

  1. Фанија Доневска - Дупенска
  2. Фотија Стефовска
  3. Стефана Димановска
  4. Јана Секуловкса

Прва група - одговорна Фанија Доневска - Дупенска[уреди]

Фанија Доневска Дупенска со децата (од лево кон десно) Ѓурѓа, Спаса и Ристо Дупенски сликани во домот во Синаја, Романија. 1949 година
Фила Наумовска, едно од децата во првата група.
  • Ристо Доневски
  • Јани Доневски
  • Стојан Доневски
  • Софија Доне Доневска
  • Ристо Доне Доневски
  • Ѓурѓа Доне Доневска
  • Спаса Доне Доневска
  • Никола Доневски
  • Ристосија Доневски
  • Танас Доенвски
  • Донка Доневска
  • Пандо Петровски
  • Трнда Петровска
  • Вангел Петровски
  • Васил Петровски
  • Мичо Петровски
  • Јани Димовски
  • Трајанка Димовска
  • Вангелија Петровска
  • Михаил Петровски
  • Лена Наумовска
  • Фила Наумовска
  • Вангел Наумовски
  • Митра Наумовска
  • Мара Наумовска
  • Фотија Наумовкса
  • Спаса Наумовска

При интервју за монографијата „П’пли низ вековите“ од Јанче Андоновски, „мајка“ Фанија Доневска - Дупенска изјавила:

Со помош на Организацијата на АФЖ и Народноослободителниот одбор од селото се пристапи кон евакуација на децата од слободната терирорија и нивно префрлување во слободните Социјалистички држави. Организацијата веќе ги имаше подготвено списоците од дечињата, од нашето родно П’пли, па беа составени четири групи на деца. Секоја група имаше по една одговорна која се грижеше за дечињата. Бевме четири одговорни повозрасни млади девојки, а јас Фанија Доневска (Дупенска), Фотија Стефовска, Јана Секуловска и Стефана Димановска (Темјанина). Претежно групите беа составени од деца од нашата маала, со нив ние бевме и израснати. Тие беа дечиња од најмала возраст што се вика од пелени до свој дванаесет години. Ни беше наредено децата да не носат ништо со себе само по некое парталче и нешто храна за по пат. Одговорните од организацијата на тргнување ни кажаа дека тамо каде што ќе стигнеме нè чека и јадење и пиење и чиста постела. И ден денес кога го кажуваме ова случување се присетувам на тешките моменти, моменти на разделба, мајките косите си ги корнеа, жалосна беше сликата кога мајките од своите гради ги делеа доенчињата, имаше врескање на сите страни. На нас ни беше дадена голема одговорност, требаше да се грижиме за децата како по патот по кој одевме се дури до крајната дестинација. Не е можно да се заборави таа слика од сите страни се слушаше само лелекот на мајките. Кога се реши и се пристапи со тргнување групите со деца ги товарија во запрежни коли, тукуречи целото село тргна да нè испрати и нè испратија до под селото. Од сите страни се влечкаа колони на деца, колони на бегалци, проклета да е војната на испусти ни ги замре домојте, селото, народот се запусти. По некое време стигнавме до селото Р’би, село блиску до границата со Македонија.


Втора група - одговорна Фотија Стефовска[уреди]

„Мајката“ Фотија Стефовска - Жагровска со група деца од селото П’пли сликани во домот во Синаја, Романија, 1949 година. Од лево кон десно (децата) Ристо Дупенски, Нико на Софка, Васил Петровски, Павле Стефовски и Ламбро Карамфиловски.
Сотир Ламбро Миовски од селото П’пли како Романски војник фотографиран во 1959 година.
  • Рина Кочовкса
  • Ана Рина Кочовкса
  • Јане Рина Кочовкса
  • Гоче Рина Кочовкса
  • Софа Рина Кочовкса
  • Павлина Миовска
  • Сотир Миовски
  • Вангел Миовски
  • Герман Миовски
  • Нуне Миовски
  • Сотир Ламбро Миовски
  • Лена Гоче Божановска
  • Лена Божановкса
  • Александра Стефовска
  • Вангел Стефовски
  • Павле Стефовски
  • Вангелија Наумовска
  • Герман Наумов
  • Вангел Коле Гелев
  • Гелев Митре
  • Елена Методија Гелева
  • Вангел Гелев
  • Јане Геров
  • Лена Герова
  • Лена Наумовска
  • Филимена Наумовска
  • Ванчо Наумовски
  • Фотија Наумовкса
  • Спаса Наумовска
  • Трајанска Миовска
  • Васил Гелевски

При интервју за монографијата „П’пли низ вековите“ од Јанче Андоновски, „мајка“ Фотија Стефовска изјавила:

Го чекавме моментот кога ќе запреше бомбардирањето од страна на монархо-фашистичката авијација. Кога тргнавме од селото, разделбата беше на сред село. Тука се случи најголемата трагедија, разделбата беше трогателна. Нашето напуштање беше со назнака за шест месечен престој во народните републики, за после тоа повторно да се вратиме назад, дома во нашето село. Кога стигнавме блиску до синорот на нашето село и селото Рудари времето веќе беше мрачно. Јас им се обратив на дечињата со зборовите - „Завртете се и видете го селото за последен пат“. Во тешки услови стигнавме до Р’пско поле, поточно до црквата Св. Јован, таму се собравме групите од нашето село П’пли, групата од селото Смрдеш и селото Брезница. Децата беа прегладнети, бараа храна. Во ноќните саати од страната на Југословенската граница пристигнаа неколку камиони, ние одговорните мајки си ги прибравме нашите деца и се качивме во камионите. Патувањето се одвиваше во ноќните саати. Некаде пред полноќ пристигнавме во Битола, поточно на железничката станица во овој град. Таму веќе беше поставен возот во кој ние требаше да се качиме. Пред него нè пречека комплетна медицинска екипа. Во една од групите беа Катерина Сери и Костандина Бажиголи од селото Смрдеш (влаинки), тие на нивниот јазик стапија во контакт со медицинскиот персонал и на тој начин разбравме дека нашето патување ќе заврши во Народна Република Романија.

Трета група - одговорна Стефана Димановска[уреди]

„Мајка“ Стефана Димановска - Темјанина сликана во Романија, 1957 година
  • Вангел Димановски
  • Сотирка Димановска
  • Летка Димановска
  • Лена Димановска
  • Цвета Димановска
  • Мичо Димановски
  • Ламбро Каранфиловски
  • Лазо Марковски
  • Михаил Марковски
  • Мичо Марковски
  • Трајко Марковски
  • Трајко Стергиовски
  • Филип Трајковски
  • Цветко Трајковски
  • Павлина Трајковска
  • Партена Марковска

При интервју за монографијата „П’пли низ вековите“ од Јанче Андоновски, „мајка“ Стефана Димановска (Темјанина) изјавила:

Деноноќно патувавме, никој не знаеше да нѝ каже која ќе биде крајната станица. По целото патување бевме следени од Црвениот крст. На секоја станица каде што ќе застанеше возот, од страна на Црвениот крст добивавме храна и чиста вода за пиење. После два дена патување конечно дојде и крајот на нашето најдолго патување. Крајната дестинација беше градот Синаја, Социјалистичка Република Романија. Со самото пристигнување во Романија грижата за нас ја превзеде Црвениот крст на државата. Тогашните Социјалистички држави на чело со Комунистичката Партија за потребите на бегалците на располагање ги отстапија најдобрите сместувачки капацитети. Четирите групи на дечиња од селото П’пли, како и другите групи на деца од другите села, бевме сместени во домот „Карајман“ за подоцна да бидеме префрлени во зимскиот дворец наречен „Палас“.

Четврта група - одговорна Јана Секуловска[уреди]

Деца од П’пли сликани во Букурешт, Романија, 1954 година. Од лево кон десно (горе) - Сотир Миовски, Вангел Тутуновски и Вангел Гелев, а доле Мичо Миовски
Мајка Јана Секуловска. „Мајката“ која ја водела четвртата група деца.
  • Гоче Бегутому
  • Цветко Бегутому
  • Коста Бегутому
  • Насо Трајковски
  • Лета Трајковска
  • Јани Трајковски
  • Ахилеа Тутуновски
  • Елена Тутуновска
  • Ефтим Тутуновски
  • Мичо Тутуновски
  • Стерјо Тутуновски
  • Михаил Петровски
  • Васил Петровски
  • Коста Миовски
  • Мичо Миовски
  • Ката Кочова
  • Мичо Кочовски
  • Томе Тутуновски
  • Вангел Тутуновски
  • Олга Петревска
  • Ристо Петревски
Група на деца од селото П’пли сликани пред детскиот дом, хотел „Палас“, во Синаја, Романија.

При интервју за монографијата „П’пли низ вековите“ од Јанче Андоновски, „мајка“ Јана Секуловска изјавила:

Вработените како и целиот медицински и воспитувачки персонал беше ангажиран за целосниот медицински третман на децата, беа потстрижени, избањати, облечени во чиста облека и легнати на чиста постела. Кога се изврши целосна евиденција на децата ние одговотните “мајки“ повторно поведовме грижа за нашите деца. Во овој дом децата ја добиваа најдобрата храна, хигиената беше на највисоко ниво, животот во домот преставуваше повторно враќање на детската смеја и детската игра. Како годините си врвеа, така и дечињата си растеа. Секое од нив во зависност од своите способности си го продолжи својот животен пат во големите школски центри во тогашна Социјалистичка Република Романија. Во оваа прилика би сакала да искажам најголема и искрена благодарност од се срце до целиот персонал на детскиот дом „Палас“ во градот Синаја, персоналот во детскиот дом во Тулгеш како и до Црвениот Крст на Република Романија за укажаната несебична помош која беше многу приметлива, затоа што беше подарена од сè срце. Персоналот деноноќно беше ангажиран нежелејќи се себеси. Уште еднаш од мое име и од името на четурите групи на дечиња со нивните одговорни „мајки“ од прекрасното Македонско село П’пли, голема благодарност полна со искрена топлина и љубов за несебичната помош кон нас беспомошните.

Патот до Синаја[уреди]

Детскиот дом, хотел „Палас“, во Синаја, Романија.

Во овој состав децaта од селото П’пли биле однесени до селото Р’би во близина на границата со тогашна ФНРЈ односно со НРМакедонија. Во ова село биле донесени и останатите деца од другите Преспански села од тогашната слободна територија и се чекало погоден монент, односно одобрување од тогашната КПЈ за префрлување на децата преку границата. На 17 април 1948 година, колони на деца предводени од одговорните „мајки“ преку Р’пското Поле во доцните часови биле префрлени во месноста наречена Маркова Нога на самата грчкојугословенска граница, а таму оваа група на деца се сретнала и со останатите деца од селата Дробитишта, Винени, како и со неколку стотици деца од Леринските и Костурските села. Пред полноќ, групите од деца со товарни камиони пристигнале во Битола, Македонија. Децата од селото П’пли на 25 мај 1948 година, со воз преку Скопје и Белград биле префрлени во тогашна Социјалистичка Република Романија, односно во градот Синаја. Со самото пристигнување на децата во градот Синаја тие биле најсрдечно пречекани од градските власти и од организацијата на црвениот крст на Романија. Целосната грижа била превземена од стручни лекарски тимови, негователи и друг персонал. Комунистичката Партија на Романија на користење ја отстапила царската зимска палата во која биле сместени неколку стотици на деца. Тука децата биле избањати и им била дадена чиста облека, а исто така биле и нахранети, па за прв пат легнати во топла бела и чиста постела.