Право на животната средина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Закон за животна средина)
Водата, воздухот и нуспроизводите на човековата активност не ги почитуваат политичките граници

Законот за животна средина е сложенo и испреплетено тело од договори, конвенции, статути, прописи и вообичаено право, кој поопширно, управува со регулирање на интеракцијата на човештвото со остатокот од биофизичкaта или природната средина, со цел да се намали влијанието на човековата активност, како врз природната средина така и врз самото човештво. Темата може да се разгледува од две главни точки: (1) контрола на загадувањето и подобрување на работата, (2) зачувување и управување со ресурси. Законите кои управуваат со загадувањето често се ограничени, т.е. се однесуваат само на еден елемент на животната средина, како што се воздухот, водата (без разлика дали се тоа надземни води, подземните води или океани), почвата, итн – и го контролира емитувањето на загадувачки материи врз елементот, како и одговорноста за надминување дозволени емисии и обврската за расчистување. Законите во врска со одржувањето и управувањето со ресурси, генерално се фокусираат на еден ресурс - на пример, природните ресурси како што се шумите, на минералните наоѓалишта или животински видови, или неопипливи ресурси, како што се посебните сценски области или области со висока археолошка вредност - и обезбедуваат насоки поврзани со заштита, пренос и искористување на тие ресурси. Овие области не се исклучуваат меѓусебно - на пример, законите кои управуваат со загадувањето на водата во езерата и во реките, исто така, може да се однесуваат и на сочувување на рекреативни вредност на овие водни тела. Исто така, голем број закони кои не се исклучиво „еколошки”, сепак, вклучуваат значајни компоненти на животната средина и интегрираат еколошките политички одлуки. Општински, државни и национални закони кои се однесуваат на развојот, искористување на земјиштето и инфраструктурата се примери за ова.

Законот за животна средина е изготвен според принципите на животната средина, вклучувајќи ја и екологијата, заштитата, раководството, одговорноста и одржливоста. Законот за контрола на загадувањето генерално се наменети (често со различен интензитет) за заштита и зачувување на природната и животната средина и здравјето на луѓето. Законите за заштита на ресурсите и управување воглавно ги балансираат (повторно, често со различен интензитет) придобивките од заштитата и економска експлоатација на ресурсите. Од економски аспект законите за животната средина можат да бидат сфати дека се однесуваат на навремена заштита на моменталните и идните ефекти на прелевање и заштита на заедничките ресурси од поединечните исцрпувања. Ограничувања и трошоци кои таквите закони може да и ги наметнат на трговијата, и на често неизбројливата (немонетарна) корист од заштита на животната средина, создаваат и продолжуваат да создава значителни контроверзии.

Со оглед на широкиот опсег на законот за животна средина, не е можно да има целосно конечен список на еколошките закони. Следниве дискусии и ресурси му даваат широчината на законот кој е во „еколошка” метрика.

На меѓународно ниво[уреди | уреди извор]

Загадувањето не ги почитува политички граници, со што меѓународното право станува важен аспект на законот за животна средина. Цела низа на правно - обврзувачки меѓународни договори сега опфаќаат широк спектар на спорни области, од сувоземното, морското и атмосферското загадување па сè до флората и фауната и заштитата на биолошката разновидност.

Додека органите што предложуваат, тврдат, се договараат за и ги усвојуваат постоечките меѓународни договори се менуваат согласно со секој договор, некои конференции - вклучувајќи ги и Конференцијата на ОН за човекова средина од 1972 година, Светската комисија за животна средина и развој од 1983 година, Конференцијата на ОН за животна средина и развој од 1992 година и Светскиот самит за одржлив развој од 2002 година се особено важни.

Утврдување на принципи[уреди | уреди извор]

Развојот на меѓународниот закон за животна средина го има вклучено објаснувањето и усвојувањето на голем број важни водечки принципи. Како и со сите меѓународни закони, меѓународниот закон за животна средина го наметнува прашањето на суверенитетот, взаемноста, па дури и можеби за Златното правило. Други водечки принципи го вклучуваат принципот загадувачот плаќа, принципот на претпазливост, принципот на одржлив развој, еколошки процедурални права, заеднички, но издиференцирани одговорности, интрагенерациска и интергенерациска справедливост, „заеднички интерес на човештвото ”, и заедничкото наследство.

Договори, протоколи, конвенции итн.[уреди | уреди извор]

Меѓународни еколошки договори се генерално мултилатерални (или понекогаш билатерални) спогодби (наречени конвенција, договор, протокол, итн.) Поголемиот дел од овие конвенции се справуваат директно со конкретни проблеми од животната средина. Исто така постојат и некои општи договори кои со еден или два параграфи се однесуваат на прашањата за животната средина, но тие се поретки. Денес постојат околу 1.000 договори за законот за животна средина ; Ниту една друга област на правото нема создадено така обемен број на конвенции на одредена тема.

Протоколите се дополнителни договори кои произлегуваат од основниот договор. Можат да се сретнат во многу области на меѓународното право, но се особено корисни во областа на животната средина, каде што може да се користат за редовно вметнување на најновите научни сознанија. Тие исто така дозволуваат земјите да постигнат договор за систем кој би бил спорен доколку секој детаљ треба да биде однапред договорен. Најпознат протокол од меѓународниот закон за животна средина е Протоколот од Кјото.

Меѓународно вообичаено право[уреди | уреди извор]

Меѓународното вообичаено право е важен извор на меѓународното право за животна средина. Ова се норми и правила кои земјите ги следат по обичај и толку се распространети што ги поврзуваат сите држави во светот. Кога одреден принцип станува вообичаено право не е јасен и државата предлага многу аргументи поради кои се смета дека принципот не треба да стане обврзувачки. Примерите за меѓународното вообичаено право во врска со животната средина ја вклучуваат должноста веднаш да ги предупредат другите држави за обележјата на природата на животната средина и за еколошките штета на која друга држава или држави може да биде изложена, и Принципот бр. 21 од Стокхолмската декларација („добрососедство”).

Судски одлуки[уреди | уреди извор]

Меѓународен законот за животна средина исто така го зема во обзир и ставот на меѓународните судови и трибунали. Иако постојат неколку и имаат ограничена одговорност, одлуките имаат големо значење и влијание на развојот на меѓународното еколошко право.

Судовите можат да се поделат на: Меѓународниот суд на правдата (МСП); Меѓународниот трибунал за поморски закон (МТПЗ); Европскиот суд за правда; Европскиот суд за човекови права [1] и другите регионални договорни трибунали. Одборот за решавање на спорови (ОРС) кој е во склопот на Светската трговска организација исто така има удел во составувањето на законот за животна средина.

САД[уреди | уреди извор]

Во секој стратум на законите на Соединетите Американски Држави има закони кои се однесуваат на прашањата за животната средина. Конгресот на САД донесе голем број на значајни режими за упрaвување со животната средина, но и многу други сојузни закони се подеднакво важни, дури и да се помалку сеопфатни. Истовремено, законодавните тела на педесетте држави поминале низ безброј слични закони. [2] Во овие државни и федерални системи административни прописи се разлистуваат слој по слој. Во меѓувреме, судскиот систем во САД ги коментира не само законските акти, туку и административните одлуки на повеќето агенции кои се занимаваат со теми од животната средина. Онаму каде што престануваат да дејствуваат законите и прописите, започнува вообичаеното право [3].

Федерална регулатива[уреди | уреди извор]

Во согласност со федералните статути кои тие ги управуваат, федералните агенции на САД донесуваат регулативи во Кодексот на федералните регулативи(КФР) кои ги пополнуваат широки програми донесени од страна на Конгресот. Основно меѓу нив е Заглавие 40 на Кодексот на федералните регулативи, кое ги содржи прописите на Агенцијата за заштита на животната средина. Други делови на КФР го вклучуваат Заглавие 10 (енергија), Заглавие 18 (Одржување на енергија и водостопанство), Заглавие 21 (за храна и лекови), Заглавие 33 (пловни води), Заглавие 36 (паркови, шуми и јавна сопственост), Заглавие 43 (јавна површина, внатрешни работи) и Заглавие 50 (флора и фауна и рибарство).

Судиските одлуки[уреди | уреди извор]

Федералните и државните судства одиграа важна улога во развојот на законот за животна средина во САД, во многу случаи решаваа значајни контроверзии во врска со примената на федералните закони за животната средина во корист на интересите на животната средина. Одлуките на Врховниот суд и во случаи како што се Координативниот комитет за Калверт карпи против Комисијата за атомска енергија на САД (поопширно разгледување на процедурални барања на Политичкиот документ за националната политика за животна средина), Овластувањата на Тенесиската долина против Хил (поопшитно разгледување на Законот за загрозени видови), и, многу повеќе во последно време, Масачусетс против Агенцијата за заштита на животната средина (бара Агенцијата за заштита на животната средина да го преиспита регулирањето на емисијата на стакленички гасови според законот за чист воздух) имаат многу поголемо политичко влијание од фактите за конкретниот случај.

Вообичаено право[уреди | уреди извор]

Вообичаеното право за прекршок е важно средство за решавање на спорови од областа на животната средина кои се надвор од надлежноста на регулираната дејност. Пред актуелното распростанување на еколошките прописи,со доктрините на невнимание, престап, негрижа, и објективно одговорност се распредели штетата и се додели одговорност за активности кои денес се сметаат како загадување, и најверојатно се регулирани според системот на владеење. [4] Овие доктрини и понатаму се сметаат како соодветни и тужителите од неодамна ги користаат кога бараат да наметнат одговорност за последиците од глобалните климатски промени. [5]

Вообичаеното право, исто така, продолжува да игра водечка улога во американскиот закон за вода, во доктрините за права во крајбрежни области и за предприсвојување.

Администрација[уреди | уреди извор]

Во САД одговорностите за управување со законите за животната средина се распределени помеѓу бројните федерални и државни агенции кои имаат различни мисисии кои делумно се поклопуваат или се целосно спротивни. Агенцијата за заштита на животната средина на САД (АЗЖ) е најпознатата федерална агенција која има надлежност врз многу државни програмите во врска со воздухот, водата, отпадот и за опасните материи. [6] Други федерални агенции, како на пример Службата на САД за риболов и флора и фауна и Службата за национални паркови првенствено ги спроведува мисиите за заштита, [7], додека пак други, како на пример Службата на САД за шуми и Бирото за управување со земјиштето, имаат тенденција да се фокусираат на корисна употреба на природните ресурси. [8]

Федерални агенции делуваат во рамките на федералната надлежност. На пример, надлежноста на Агенцијата за заштита на животната средина врз Одредбата за чисти води се однесува само на „ водите во Обединетите Држави”. Покрај тоа, во многу случаи федералните закони допуштаат построга регулација од страна на државите и одредени федерално одобрени одговорности може да преминат во контрола на државата.Како резултат на тоа владите на државите во САД при спроведувањето на законот на државата усвоен согласно државните политички овластувања подеднакво ги вклучуваат и агенциите за животна средина.[9] До кој степен државните закони за животната средина се засноваат на, или се одалчуваат од федералниот закон се разликува од надлежност до надлежност.

Така, додека за да се наполнат мочуриштата кои не е во федерална надлжност може да се бара дозвола од агенција на одредена земја, за големи и посложени зафати - како на пример, за изградба на електрана што работи на јаглен - може да се бара согласност од бројните федералните и државни агенции.

Спроведување[уреди | уреди извор]

Во САД, прекршување на законите за животната средина главни се граѓански прекршоци, што резултираат со парични казни и, можеби, со граѓански санкции како што се судските забрани. Сепак многу од законите за животната средина воведуваат кривични казни за сериозни прекршоци. Често, агенциите за животна средина вклучуваат одделни служби за извршување кои имаат за обврска да ги контролираат дозволените активности, да вршат усогласена истрага, да издаваат цитати и кривично гонење за малверзации (граѓански или кривични, во зависност од прекршокот). Службата за потврдување на спроведувањето и усогласувањето која е во склопот на Агенцијата за заштита на животната средина е една таква агенција. Другите, како на пример, Надгледувањето на парковите во Обединетите држави вршат потрадиционални активности за спроведување на законот.

Судските постапки за прекршоци од областа на животната средина често се управувани од страна на агенциите кои се раководат од административното(управно) право. Во некои случаи, со жалбите се постапува внатрешно (на пример, Одборот за жалби поврзани со животна средина кој е во склопот на Агенцијата за заштита на животната средина). Општо земено, за конечните одлуки на агенциите може да се поднесе жалба до надлежниот суд.

Расправа[уреди | уреди извор]

Неопходни средства[уреди | уреди извор]

Потребата од директно регулирање на одредена активност, поради еколошките последици од оваа активност, често е предмет на дискусија. Овие дискусии може да бидат научни - на пример, научната несигурност влијае на актуелната дебата во врска со регулацијата на стакленичките гасови, и е главен фактор во дебата околу тоа дали да се забранат пестицидите. [10]

Трошоци[уреди | уреди извор]

Многу често регулаторната индустрија има аргументи против регулирањето на животната средина засновано на трошоци. Всушност, во САД проценето е дека вкупните трошоци за регулирање на еколошките активности достигнува 2% од БДП, [10] и секој нов пропис веројатно ќе придонесе на некој начин на тоа оптоварување. Потешкотии, сепак, се јавуваат при анализирање на трошоци и приходи. Не е лесно да се процени вредноста на еден перспективен екосистем, ниту вредноста на чистиот воздух, различните видови, итн. Освен тоа проблемите поврзани со животната средина може да добијат етичка или морална димензија, која би ги намалила трошоците.

Ефикасност[уреди | уреди извор]

Интересите на животната средина речиси секогаш ќе се косат со регулирањето на животната средина како несоодветен начин на заштита. Покрај тоа, моќните закони не гарантираат непоколебливост при извршувањето.

Образование и обука[уреди | уреди извор]

Предметите поврзани со законите за животна средина се понудени како изборни предмети во втората и третата година на студиите за доктор по правни науки во многу американски правни училишта. Наставните програми се разликуваат: воведниот курс може да се фокусира на „големите пет” федерални статути - и можат да бидат понудени во комбинација со предметот кој се однесува на законот за природни ресурси. Пократки семинари можат да бидат одржани за некои попрецизни теми. Некои американски правни училишта, исто така, нудат специјализација за Магистер по правни науки и Доктор по канонско право од областа на законот за животна средина. Покрај тоа, неколку правни училишта одржуваат правни клиники кои се фокусираат на законот за животна средина, им обезбедуваат на студентите можност да се запознаат со законот за животна средина и спорови во реалниот свет поврзани со актуелните клиенти. [11] Американското списание - Вести и Светски извештај (U.S. News & World Report) постојано ги рангира Правното училиште во Вермнот, Правното училиште на Левис и Кларк и Правното училиште на Универзитетот Пајс, како три најдобри законски програми за животна средина во САД, најчесто највисоко рангирани се Луис и Кларк и Вермонт. [12]

Во многу правни училишта студентите објавуваат правни списанија. Најцитирани се критиките за животна средина кои доаѓаат од Харвард, Стенфорд, Колумбија, Универзитетот во Њујорк и Правното училиште на Луис и Кларк. [13]

Академијата за еколошко право[14] е мрежа од околу 60 правни училишта во светот, кои се специјализирани за истражување и настава на законот за животна средина.

Меѓународните адвокати од областа на животната средина често добиваат специјализирана обука која се одвива во друга земја од онаа во која го минат првиот модул од правните студии и стануваат Магистри за правни студии.

ЕКОЛЕКС е светски Портал за законот кој се однесува на биоразновидноста и на правните извори поврзани со биоразновидноста.