Законот на љубовта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Законот на љубовта
Податотека:LaLeyDelAmor.jpg
Главни улоги во серијата
Жанрдрама
теленовела
Создадена одГуставо Бариос
Енрике Естеванез
УлогиСоледад Силвеира
Себастијан Естеванез
Раул Таибо
Сабрина Гарсиарена
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди187
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелефе
Првично прикажување18 декември 2006 – 7 септември 2007
Хронологија
Следбеникнепознато

Законот на љубовта (шпански јазик: La Ley del Amor) е аргентинска теленовела. Серијата во Аргентина со прикажување започна на 18 декември 2006 во ударниот термин. Во главните улоги се појавуваат Соледад Силвеира и Себастијан Естеванез.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Рената Герико е федерален судија. Се радува на големиот престиж во општеството, но го крие темното минато, кое ќе се врати со полна сила. Заради една од последните пресуди, Рената добива смртни закани. Наредува апсење на едно момче, кое го осудуваат како автор на заканите. Додека го разгледува случајот, таа добива едно големо изненадување: неговото име е Лукас Пинедо и е син на Игнасио Пинедо, големата љубов од младоста. Игнасио доаѓа да го ослободи Лукас од затвор и старите љубовници повторно се среќаваат после 28 години. Оттука па натака, Рената преживува повторно ужасни моменти од минатото. На 16 години таа забременила од Игнасио и родила дете, кое не преживеало. Игнасио никогаш не дознава за тие случки и не разбира зошто Рената го оставила, ако толку го сакала. Сега ќе се зближи со неа, иако и двајцата да се во брак со други луѓе, за да го дознае објаснувањето од неа. Рената е збунета, бидејќи чувствува голема привлечност кон Лукас во моментот, во кој се загледува. Дали не е сексуално привлекување кон тој млад мускулест маж, со топла насмевка и добродушно однесување, кој е на возраста на нејзиниот син? Таа одрекува дека е точно, дека чувствува нешто повеќе за Лукас... длабока и ужасна мистерија која постепено ќе се открива во приказната. А конфликтите ќе се зголемат, бидејќи Лукас се вљубува во Каролина, посвоената ќерка на Рената и девојката се вљубува во него. Каролина е решена да биде со Лукас. Сите главни ликови се фатени во водопад од пресечени љубови, непризнати чувства, неиздржливи импулси, кои можат да водат кон рајот или пеколот.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Соледад Силвеира Рената
Себастијан Естеванез Лукас
Раул Таибо Игнасио
Сабрина Гарсиарена Каролина
Николас Паулс Матиас
Каролина Папалео Естефанија
Артуро Бонин Маркос
Хихи Руа Марта