Законодавство на Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Законодавната власт на Европската Унија главно се состои од Европскиот Парламент и Советот на Европската Унија. Надлежноста во разгледување, дополнување и поправање на законската регулатива е поделена помеѓу двете тела, додека моќта да спроведува закони ја поседува Европската Комисија. Државните парламенти имаат помала, споредна улога. Обично предлог-законите треба да бидат одобрени и од Парламентот и од Советот за да станат закони. Релативната моќ на одредена институција во законодавниот процес зависи од употребената законодавна постапка, која пак е во зависност од политичката област на која законот се однесува. Во некои подрачја, учествуваат еднакво во создавањето на ЕУ законот, во други доминира Советот. Договорите на Европската Унија решаваат кои области се предмет на одредени постапки. Моќта да ги дополнува Договорите на Европската Унија, уште познато како основното законодавство на Унијата, е резервирана за земјите членки и мора да е во согласност со нивните поединечни уставни услови. Исклучок во ова е Посебната клаузула во која законодавната процедура за некоја политичка област може да се промени без официјално коригирање на договорите.

Содржина

1 Основни тела

1.1 Парламент

1.2 Совет

Споредни тела

2.1 Комисија

2.2 Државни парламенти

3 Обична законодавна постапка

4 Специјална законодавна постапка

4.1 Советодавна постапка

4.2 Одобрувачка постапка

4.3 Самостојно дејствување на Комисијата и Советот

4.4 Самостојно дејствување на Комисијата

5 Преглед на договорите

5.1 Обичен преглед на договорите

5.2 Упростен преглед на договорите

5.3 Посебна клаузула

6 Акти

7 Поврзано

8 Надворешни врски

Главни тела

Парламент

Главен предмет: Европски Парламент

Членовите на Парламентот се избираат на секои 5 години, преку директни универзални избори. Организиран е како повеќепартиски парламент, раководејќи повеќе со работата во комитетите и заседавањето на политичките групации, отколку со национални делегации. Меѓутоа, неговите политички групи се доста немоќни, и тоа поради статусот на проширени идеолошки групи на веќе постоечките државни партии. Моќта на Парламентот значително се зголеми од почетокот на 50-те па натаму со доаѓањето на нови законодавни постапки кои овозможија повеќе еднаквост помеѓу Парламентот и Советот. Ова се потврди и со неговата улога во назначувањето на Комисијата, која отсекогаш одговарала пред него (Парламентот има право на критика).

Совет

Главен предмет: Совет на Европската Унија

Советот на Европската Унија (или Советот на Министри) ги претставува државните влади на земјите членки, а неговиот состав е главно бројката на земјите членки (27) преку гласови кои се земаат предвид според бројот на населението на земјите. Како таков, тој не заседава според политичките групи и наместо спроведување на поголемиот дел од својата работа во комитетите, таа се изработува од дипломатски претставници (КОРЕПЕР).

Споредни тела

Комисија

Главен предмет: Европска Комисија

Комисијата има виртуелен монопол на воведувањето на закони во законодавниот процес и е моќ што и дава на Комисијата значително влијание како поставувач на дневниот ред за ЕУ како целина. Комисијата често воведува законодавство по налог на Советот или по предлог на Парламентот, но од неа зависи каква форма ќе имаат предлог-законите. Според обичната законодавна постапка (види подолу), негативниот одговор од Комисијата го принудува Советот да гласа едногласно. Исто така, има ограничени случаи каде Комисијата може да донесува закони по сопствена иницијатива (види подолу).

Државни парламенти

Главен предмет: Државни парламенти на Европската Унија

Државните парламенти на Европската Унија имаат “механизам за навремено предупредување” со кој, ако една третина поднесе приговор – “жолт картон” – врз основа на прекршување на принципот на изборност, тогаш предлогот мора да се провери. Ако мнозинството го стори тоа – “портокалов картон” – тогаш Советот или Парламентот можат веднаш да гласаат против. Ако логистичките проблеми при ваквата практика се надминати, државните парламенти ќе формираат “трета виртуелна комора”.

Обична законодавна постапка

Обичната законодавна постапка, порано позната како заедничка одлука, е главната постапка преку која се донесуваат директивите и регулативите. Членот 294 ТФЕУ ја отсликува обичната законодавна постапка на следниов начин. Комисијата го доставува законодавниот предлог до Парламентот и Советот. На првото читање Парламентот зазема своја позиција. Ако Советот го одобри текстот на Парламентот, тогаш законот се одобрува. Во спротивно, ќе го претстави своето мислење и ќе го врати во Парламентот, со објаснување. Комисијата исто така го известува Парламентот за својата позиција. На второто читање, законот се донесува ако Парламентот го одобри текстот на Советот или не успее да донесе одлука. Парламентот може да го одбие текстот на Советот, што доведува до неуспех на законот, или да го измени и врати до Советот. Комисијата дава мислење уште еднаш. Онаму каде Комисијата ги отфрлила измените, Советот мора да дејствува едногласно. Ако во рок од три месеци по добивањето на текстот од Парламентот Советот го прифати, тогаш законот се усвојува. Во спротивно, Претседателот на Советот, во согласност со Претседателот на Парламентот го свикува Комитетот за Разрешување, составен од Советот и еднаков број на пратеници (во присуство на Комисијата). Комитетот составува заеднички текст врз основа на двете позиции. Ако во рок од шест недели не успеат да договорат заеднички текст, тогаш законот е одбиен. Но ако успеат и Комитетот го одобри текстот, Советот и Парламентот (гласајќи со мнозинство) мораат да го прифатат дадениот текст. Ако кој било од нив не го стори тоа, тогаш законот не е усвоен. Ова беше воведено со Мастришкиот договор, како и постапката на заедничка одлука, и беше првично наменета да ја замени постапката на соработка (види подолу). Постапката на заедничка одлука беше променета со Договорот од Амстердам и бројот на правни основи каде беше спроведена е значително зголемен од вториот договор и Договорот од Ница. Беше преименувана во “обична законодавна постапка” и проширена во речиси сите области (како што се земјоделство, рибарство, транспорт, структурни фондови, целиот буџет и третиот поранешен столб со Договорот од Лисабон).

Специјална законодавна постапка

Договорите обезбедуваат спрецијални законодавни постапки за чувствителни области. Во ваквите случаи, Советот или Парламентот усвојува закони самостојно со само вклучување во постапката на другиот. Еминентни постапки се советодавните и одобрувачките постапки, иако многу други се употребуваат за конкретни случаи.

Советодавна постапка

Главен предмет: Советодавна постапка

Според оваа постапка Советот, дејствувајќи едногласно или со квалификувано мнозинство, во зависност од политичката област, може да усвојува закони врз основа на предлог од Европската Комисија по консултирање со Европскиот Парламент. Од Советот се бара да се консултира со Парламентот за законодавните предлози, но не е обврзан со позицијата на Парламентот. Во практиката, Советот често го игнорира предлогот на Парламентот па некогаш дури и донесува одлука пред да го дознае неговиот став. Сепак, Европскиот Суд на Правдата донесе одлука дека Советот мора да го чека мислењето на Парламентот и ги поништува законите што Советот ги донел пред Парламентот да го изнесе своето мислење. Парламентот повремено прави опструкција на законите што не му се допаѓаат со давање на официјална проценка со цел да се добие моќ против овие предлози, одолговлекувајќи го законодавниот процес. Пред Единствениот Европски Акт советодавната постапка беше најупотребувана во тогашната Европска заедница. Оваа постапка сè уште се употребува во однос на ослободувања на внатрешниот пазар и конкурентниот закон. Се користи и во однос на советодавните тела на Унијата како што се Комитетот на Регионите и Економскиот и Социјалниот Комитет од кои се бара да се консултираат во рамките на повеќе области според договорите под чие влијание е нивната стручна област. Ваквата постапка се одвива во прилог на консултации со Европскиот Парламент или други законодавни постапки.

Одобрувачка постапка

Главен предмет: Одобрувачка постапка

Во оваа постапка, Советот може да донесува закони врз основа на предлог од Европската Комисија во согласност со Парламентот. Тој има законско овластување да прифати или одбие предлог, но не постои законски механизам за предлагање измени и дополнувања. Парламентот сепак го обезбеди Комитетот за Разрешување и постапката за давање привремени извештаи со загрижувачки предмети на Советот со закана да ја задржи својата согласност ако предметите не се разгледаат. Ова важи и за прием на членови, методи на повлекување, обезбедување општа законска основа за подружници и борба против дискриминација.

Самостојно дејствување на Комисијата и Советот

Со оваа постапка Советот може да донесува закони предложени од Комисијата без мислењето на Парламентот. Се употребува при одредување заедничка надворешна тарифа (Член 31 (поранешен член 26)) и при преговарање за трговски договори под Заедничката Трговска Политика (Член 207 (3)).

Самостојно дејствување на Комисијата

Спротивно на општопознатото мислење, поголемиот дел од ЕУ законите не ги диктира Комисијата. Меѓутоа, Комисијата е способна да донесува регулаторни/технички закони без консултирање или добивање согласност од некој друг. Но, ова е случај само во многу мал број ограничени области каде има посебни надлежности и земјите-членки не можат да дејствуваат, имено, економската и монетарната политика на Еврозоната преку ЕЦБ, Заедничката Трговска политика, Заедничката Земјоделска политика, Рибарска политика, Транспортна политика, Конкурентни прописи и прописи за слободно движење на стоки, луѓе, услуги и капитал. Комисијата може да донесува закони по сопствена иницијатива во врска со монополите и олеснувања за компаниите од земјите-членки (Член 106 (3)(поранешен член 83 (3))) а што се однесува до правото на работниците да останат во земјата-членка, откако биле вработени таму (Член 45(3) (д) (поранешен член 39(3)(d))). Две директиви беа усвоени со оваа постапка: една со транспарентност помеѓу земјите-членки и компаниите, друга со конкуренција во телекомуникацискиот сектор.

Преглед на договорите

Договорот од Лисабон од 2009 година создаде два различни начини за понатамошни измени на договорите од Европската Унија: обична ревизиска постапка која е многу слична на минатиот процес на прегледување, вклучувајќи одржување на меѓувладина конференција, како и поедноставена ревизиска постапка во Дел Три од Договорот за функционирањето на Европската Унија, која се занимава со внатрешна политика и дејствувањето на Унијата, можат да бидат изменети со едногласна одлука на Европскиот Совет која подлежи на ратификација од сите земји-членки на вообичаениот начин.

Договорот исто така обезбедува клаузула која му овозможува на Европскиот Совет да може едногласно да одлучи да го замени едногласното одлучување во Советот на Министри со квалификувано мнозинство (ГКМ) во конкретни области со претходна согласност на Европскиот Парламент, и да премине од специјална законодавна постапка во обична.

Обична постапка на прегледување

1. Предлози за измена на договорите се поднесуваат од земја-членка, Европскиот Парламент или Европската Комисија до Советот на Министри кој, пак, ги носи до Европскиот Совет и ги известува земјите-членки. Нема ограничувања за тоа каков вид амандмани можат да се предложат. 2. Европскиот Совет, по консултации со Европскиот Парламент и Комисијата, гласа да се разгледаат предлозите врз основа на мнозинство, а потоа или: • Претседателот на Европскиот Совет свикува конвенција со претставници од државните парламенти, влади, Европскиот Парламент и Европската Комисија за понатаму да ги разгледа предлозите. Во догледно време, конвенцијата ја доставува својата конечна препорака до Европскиот Совет. • Или Европскиот Совет решава да не свикува конвенција и ги поставува надлежностите за меѓувладината конференција. 3. Претседателот на Европскиот Совет свикува меѓувладина конференција со претставници од владата на секоја земја-членка. На конференцијата се изготвува и финализира договор врз основа на препораките од конвенцијата или надлежностите на Европскиот Совет. 4. Водачите на ЕУ го потпишуваат договорот. 5. Сите земји-членки мора да го потврдат договорот “во согласност со нивните уставни барања” за да стапи на сила. Упростена постапка на прегледување 1. Предлозите за измена на Дел Три од Договорот за функционирањето на Европската Унија се поднесуваат од земјите-членки, Европскиот Парламент или Европската Комисија до Советот на Министри кој, пак, ги доставува до Европскиот Совет и ги известува земјите-членки. Предложените амандмани не можат да ја зголемат надлежноста на Унијата. 2. Европскиот Совет, по консултации со Европскиот Парламент и Комисијата, гласа за да донесе решение за измена на Дел Три врз основа на предлози добиени со едногласност. 3. Сите земји-членки мора да ја одобрат одлуката “во согласност со нивните уставни барања” за да стапи на сила. Посебна клаузула Посебната “Passerelle” клаузула овозможува менување на гласачките постапки без коригирање на ЕУ договорите. Според оваа клаузула Европскиот Совет може, по добивање согласност од Европскиот Парламент да гласа едногласно за да: • му дозволи на Советот на Министри да дејствува врз основа на квалификувано мнозинство во области каде претходно морал да дејствува едногласно. (Ова не важи во случаи на одбрана и воени импликации.) • дозволи законодавството да се усвојува врз основа на обична постапка, онаму каде претходно требало да се употреби специјална законодавна постапка Одлуката на Европскиот Совет да користи која било од овие одредби може да стапи на сила само ако, по шест месеци сите државни парламенти биле известени за одлуката, и никој не се спротивставил.

Акти Дополнителни информации: Право на Европската Унија Законските акти кои произлегуваат од овие постапки можат да имаат различни форми. Прописот е закон кој има директен ефект; на пример регулативите за роаминг трошоци каде веднаш се поставува цена на повиците од мобилен телефон направени во друга земја на ЕУ. Директивите треба да се променат, до одреден степен, во државни закони; на пример директивите за авторските права кои беа пренесени во Грција како закон бр. 2557/1997 и во Ирска како Европски Заедници (прописи за заштита на авторските права) 1995. Одлуката има директен ефект, но само кога се однесува на конкретна личност или субјект, а постојат и други разни не-обврзувачки инструменти.