Заклетвата на Хорациите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Заклетва на Хорациите“
француски: „Le Serment des Horaces“
Творец Жак Луј Давид
Година 1784
Вид масло на платно
Димензии 326 см × 420 см
Место Лувр, Париз

Заклетвата на Хорациите“ (фр. Le Serment des Horaces) — слика од францускиот академски уметник Жак Луј Давид, изработена е во 1784 г. Тематиката се одликува со крајно родољубива и некласична перспектива (особено поради по прикажаниот римскиот поздрав) подоцна таа станала мостра за идните сликари. Со оваа слика му дала голема слава на Давид, и можност за обучување на свои ученици.

Симболична тематика[уреди]

На сликата се прикажани римјаните Хорации, кои според Тит Ливиј во неговата книга „Од основањето на градот Рим“ биле тројца браќа близнаци на кои им било судено да војуваат против Курациите, кои исто така биле тројца браќа близнаци, за да го решат спорот помеѓу римјаните и градот Алба Лонга. Со почетоците на револуцијата во Франција, почнале да изобилуваат слики кои учеле лојалност кон државата наместо кон родот или свештенството. Иако сликана речиси пет години пред револуцијата, Заклетвата на Хорациите станала една од најголемите одредбени симболи на своето време.

На сликата тројцата браќа ја изразуваат својата лојалност и солидарност на Рим пред битката, сосема поддржувани од нивниот татко. Тие се спремни да го дадат животот за патриотската должност. Во ова патријархално општество, овие цврсти мажи, со нивниот решителен поглед и испружени раце се тврдини на републиканскиот патриотизам. Тие ги симболизираат највисоките доблести на републиката, дури и кога нежните жени седат дома плачејќи ги.

Мајките и сестрите се прикажани облечени во свилени облеки кои се чини дека се прелеваат во нежното тагување. Нивниот очај делумно се должи на фактот што едната сестра е свршена со еден од Курациите, а другата е сестра на Курациите, омажена за еден од Хорациите. По поразот на Курациите, едниот преживеан Хорациј се враќа дома наоѓајќи ја сестра му како го колне Рим за смртта на нејзиниот свршеник. Тој ја убива, ужаснат од клетвите за Рим. Првичната замисла на Давид била да го прикаже овој момент, и постои цртеж кој го илустрира ова. Но потоа Давид решил дека ова е премногу ужасен начин на пренесување на чувството на јавна должност кое го надвладејува личното чувство, но во следната значајна слика, прикажал слична сцена - Луциј Јуниј Брут како бдее над телата на своите синови, кои наредил да се погубат заради предавство, па се вратил дома.

На сликата се покажани тројцата браќа Хорации од лево, таткото во средината и сестрите/жените од десно. Започнувајќи од лево, браќата Хорации даваат заклетва (поздравуваат) на своите мечови. Како членови на патријархално општество, кај мажите не се гледаат чувства. Дури ни таткото не покажува чувства, туку само ги држи трите меча. На десно три жени плачат, една позади и две поблиску напред. Жената во бело е сестрата на Хорациите која плаче и за свршеникот и за братот, додека другата во кафено е сестра на Курациите која плаче за мажот и братот. Жената во црно држи две деца, чиј татко е од Хорациите, а мајка од Куратиите. Помладата ќерка се затскрива во облеката на дадилката, додека синот одбива да му ги затворат очите.

Симболична техника[уреди]

Оваа слика е во неокласичен стил, и во неа се гледаат техники типични за него:

  • Позадината е потиштена, додека ликовите напред се истакната за да се покаже нивната важност.
  • Употребени се тапи, заматени бои за да се истакне дека приказната е од поголемата важност одколку самата слика.
  • Сликата е јасно организирана, изразувајќи го симболизмот на бројот три и на самиот момент.
  • Фокусот е јасен, црврсти детали и отсуство на потези во снопови, претпочитани во Рококо уметноста.
  • Потезите се невидливи, за да се покаже дека сликата е поважна од уметникот.
  • Замрзнатоста на сликата е со цел да ја истакне рационалноста, за разлика од Рококо стилот.
  • Единствено жените покажуваат чувства, на кои им е дозволено да чувствуваат, додека мажите морале да ја вршат должноста.
  • Фактот што сликата прикажува морално комплексна и вознемирувачка приказна е уште една причина за нејзината класификација како неокласична.

Прием[уреди]

Ова Давидово дела било предмет на голем интерес кај свештениците, кардиналите, принцовите и принцезите, интелектуалците пишувале пофалбени текстови, па дури и папата сакал да ја види оваа слика. Давид сакал да ја постави сликата во Салонот, но задоцнил, па сликата била закачена на лошо место од луѓето кои не го сакале. Но подоцна јавноста се побунила, па сликата била преместена на добро место.