Завет (филм од 2012 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Завет“
РежисерМајкл Сакзи
ПродуцентРоџер Бирнбаум
Гери Барбер
Џонатан Гликмен
Пол Тоблиб
Главни улогиРејчел МекАдамс
Чанинг Татум
Сем Нил[1]
Скот Спидман
Венди Крусон
Џесика Ланг[2]
МузикаРејчел Портман
Мајкл Брук
КинематографијаРоџије Стоферс
МонтажаНенси Ричардсон
Мелиса Кент
СтудиоSpyglass Entertainment[3]
ДистрибутерScreen Gems
Премиерафевруари 10 2012 (2012-02-10)
Времетраење104 минути
ЗемјаСоединетите Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет30 милиони долари[4]

Филмот „Завет“ — романтична драма од 2012 година, во режија на Мајкл Сакзи, а главните улоги ги играат Рејчел МекАдамс и Чанинг Татум. Филмот се заснова на вистинска приказна за Ким и Крикит Карпентер[5]. Тоа е последниот филм на продуцентската куќа Spyglass Entertainment, пред да ја откупил медиумската компанија MGM“.

Позадина[уреди | уреди извор]

Филмот „Завет“ се заснова на вистинска врска помеѓу Ким и Крикит Карпентер коишто напишале книга за нивната венчавка, позната како „Завет“. Десет седмици по нивната венчавка, на 18 септември 1993 година, двојката доживеала сообраќајна несреќа во којашто Крикет доби потрес на мозокот, со што ѝ се избришале сите спомени од нејзината врска со Ким, како и нивната неодамнешна венчавка. Меѓутоа Ким останал лудо вљубен во својата сопруга, иако после несреќата таа го гледала како странец. Според двојката, она што ги задржило заедно е нивната верба во Господ и нивните брачни завети.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пејџ Колинс (Рејчел МекАдамс) и нејзиниот сопруг Лео (Чанинг Татум) си одат од кино. На патот кон дома, на знак за СТОП, Пејџ го одврзува сигурносниот појас за да се наведне да го бакне Лео. Во тој момент, еден камион го удри нивниот автомобил одзади и Пејџ тресна во шофершајбната. Двајцата се пренесени во службата за итна помош. Потоа Лео зборува во позадина за тоа како во „некои клучни моменти дознаваме кои сме“. Тука филмот прекинува и дејствието продолжува кога Пејџ и Лео се сретнаа за првпат. Потоа се испреплетуваат сцени од нивното додворување, предлог за брак и венчавка, со сегашноста.

Кога на Пејџ ѝ се враќа свеста, таа мисли дека Лео е нејзиниот лекар, бидејќи го загубила своето помнење од последните неколку години. Кога нејзините родители Бил и Рита Торнтон дознаваат за ова, доаѓаат во посета и за првпат се среќаваат со Лео.

Пејџ не разбира зошто се откажала од Правниот факултет, ја раскинала свршувачката со претходниот вереник Џереми и зошто не контактирала со своите родители и пријатели. Нејзините родители инсистираат да ја однесат дома и Пејџ се согласува со тоа бидејќи мисли дека можеби се омажила со Лео за некој заеднички интерес и бара доказ за бракот. Во моментот кога таа само што не заминала, Лео дотрчува да ѝ пушти една гласовна порака во која таа звучи среќно и заљубено. Пејџ решава да му се врати на Лео и се надева дека тоа ќе ѝ помогне да ѝ се врати помнењето. Нејзините пријатели ѝ приредуваат забава за да ѝ посакаат добредојде но таа не може да се сети на никој од нив. Тоа е премногу за неа и се нервира.

Следниот ден, Пејџ оди во малиот ресторан каде што најчесто одела, но не се сеќава дека некогаш била таму и се загубува кога се враќа назад. Таа ѝ се јавува на мајка си бидејќи не го знае и не може да се сети на бројот на Лео. Нејзините родители ги канат на вечера неа и Лео. За време на вечерата и подоцна во барот, Лео не може да се вклопи во нејзината фамилија и нејзините пријатели. Тој е упорен во своите обиди да ѝ помогне да си го врати помнењето, но Пејџ повеќе сака да дознае зошто се откажала од Правниот факултет и ја раскинала свршувачката со Џереми. На една средба со него, го бакнува. Нејзиниот лекар ја советува дека е подобро да ги пополни сите празнини во нејзиното помнење, отколку да се плаши од своето минато.

Бидејќи се наближува венчавката на нејзината сестра Гвин, Пејџ одлучува до свадбата да остане кај нејзините родители. Лео ја поканува да излезат и да ја поминат вечерта заедно, но нивната врска се затегнува уште повеќе кога татко ѝ на Пејџ се обидува да го убеди Лео да се разведе од неговата ќерка, а Лео го удира Џереми бидејќи зборува дека ќе спие со неговата сопруга.

Пејџ се враќа на Правниот факултет, а Лео ги потпишува документите за развод. Во една продавница таа се среќава со една стара пријателка којашто не знае за нејзината амнезија и ѝ се извинува за тоа што имала врска со нејзиниот татко. Тогаш Пејџ се сети зошто го напуштила своето семејство. Кога таа зборува со мајка ѝ за ова, Рита ѝ вели дека решила да остане со Бил заради сите работи коишто тој правилно ги направил, а не го напуштила поради една грешна постапка. Пејџ го прашува Лео зошто не ѝ кажал за ова, а тој ѝ одговара дека сакал да ја добие нејзината љубов наместо да ја оттргне од нејзините родители. Додека е на предавање, Пејџ почнува да црта, а со тоа се сетува зошто го напуштила Правниот факултет. Таа продолжува да се занимава со уметност и на крајот се занимава со вајарство и сликарство.

Иако Џереми ѝ признава дека раскинал со својата девојка и се надева дека повторно ќе биде со неа, таа го одбива и му вели дека таа сака да проба каков ќе и биде животот без него.

Како што поминува времето, Лео дискутира за неговата филозофија за „клучни моменти“. „Клучениот момент“, којшто може да предизвика промени, влијае повеќе отколку што можеме да предвидиме. Размена на честички, соединување на двајца, правејќи ги поблиски како никогаш порано.

Додека ги испраќаш другите, се впушташ во големи ризици, сместувајќи се онаму каде што никогаш не ни помислуваш дека ќе ги најдеш...

Пејџ се враќа во својата соба и го наоѓа менито на коешто ги запишала брачните завети и длабоко се трогнува. Филмот завршува кога Пејџ го чека Лео во малиот ресторан „Mnemonic“, каде што тие најчесто одат и заедно заминуваат на едно ново место, наместо на вообичаеното.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Jessica Lange and Sam Neill Join The Vow" Архивирано на 23 јули 2011 г.. HollywoodTrailers.net. Retrieved 2010-11-03.
  2. "Jessica McNamee Joins Rachel McAdams and Channing Tatum in 'The Vow'" Архивирано на 13 мај 2011 г.. FilmoFilia.com. Retrieved 2010-11-03.
  3. „The Vow (2012)“. AFI Catalog of Feature Films. Посетено на May 31, 2018.
  4. The Vow (2012) > Summary > Production Budget > Domestic Total Gross + Foreign“. Box Office Mojo. IMDb. boxofficemojo.com. Посетено на 2012-08-31.
  5. Kathy L. Gilbert (January 29, 2012). „The Vow: A real love story of faith“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]