Жофри Суп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жофри Суп

Суп на Тур де л’Ен 2011
Лични податоци
Цело име Жофри Суп
Роден 22 март 1988 (1988-03-22) (26 г.)
Вирја, Ен, Франција
Висина 1,77 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб FDJ.fr
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2005–2006
2007–2008
2009–2010
ВК Бресан (јуниор)
ВК Вол ан Велен (јуниор)
Етупе ле Дуа
Професионални клубови
2011– ФДЖ
Последна промена
20 декември 2014

Жофри Суп (француски: Geoffrey Soupe; р. 22 март 1988) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата FDJ.fr.[1] Суп бил национален друмски првак во конкуренцијата под 23 години во 2010,[2] и завршил втор зад Британецот Алекс Даусет на Европското хронометарско првенство под 23 години.[3]

Роден во Вирја, Ен, Суп настапувал за ВК Бресан и ВК Вол ан Велен како јуниор и во составот на Етупе ле Дуа како аматер, пред да му се приклучи на професионалниот состав на ФДЖ за сезоната 2011.[4] На првата трка за екипата, Суп ја освоил воведната етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго во Габон - победувајќи го возачот на Тим Јуропкар Антони Шарто во меѓусебниот спринт[5] – пред да заврши на трката на осмото место во генералниот пласман.[6] Подоцна Суп додал уште една етапна победа на Тур Алзас,[7] пред да се откаже од трката следниот ден.[8]

Суп го направил своето деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012, заземајќи го третото место во текот на првата масовна етапа во Хернинг, Данска; резултат за кој Суп изјавил дека „жали“, бидејќи претпоставил дека треба да го води главниот спринтер на екипата Арно Демар, кога тој бил зафатен во падот во последната кривина.[9]

Во август 2014 година, Кофидис објавил дека потпишале со Суп, заедно со неговиот колега од ФДЖ Насер Буани, за сезоната 2015.[10]

Достигнувања[уреди]

2008
1. Краен пласман Тур ди Беарн
2009
2. Национално друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Букл де ла Марна
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Сувенир Мишел Рок
5. Хроно на народите
2010
1. MaillotFra.PNG Национално друмско првенство под 23 години
2. Европско хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Етапа 1 Тур Алзас
5. ГП де Пон а Марк
8. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
2013
10. Краен пласман Четири дена Денкерк

Наводи[уреди]

  1. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(33nydlsckz0kkk4e1kaa2grw))/Teams/detail/en/ROA/2996. конс. 2 јануари 2014. 
  2. Gilson, Michael. „France – Espoirs : Les réactions“, „Directvelo“, Association Le Peloton, 22 август 2010 (конс. 8 мај 2012). (на француски)
  3. Ричардсон, Сајмон. „Даусет го освои златото на Европското првенство под 23 години“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 16 јули 2010 (конс. 8 мај 2012).
  4. Gilson, Michael. „Geoffrey Soupe néo-pro à la FDJ“, „Directvelo“, Association Le Peloton, 18 август 2010 (конс. 8 мај 2012). (на француски)
  5. Суп победи на воведната етапа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 јануари 2011 (конс. 8 мај 2012).
  6. Шарто победи во Габон“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 30 јануари 2011 (конс. 8 мај 2012).
  7. Gachet, Nicolas. „Tour Alsace – Et. 1 : Classements“, „DirectVélo“, Association Le Peloton, 27 јули 2011 (конс. 8 мај 2012). (на француски)
  8. Double success for Albert in Alsace“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 јули 2011 (конс. 8 мај 2012).
  9. Суп „жали“ што завршил трет на етапа на Џиро д’Италија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 мај 2012 (конс. 8 мај 2012).
  10. Фаранд, Стивен (1 август 2014). „Трансфери: Кофидис го потврди пристигнувањето на Насер Буани“. http://www.cyclingnews.com/news/transfers-cofidis-confirms-the-arrival-of-nacer-bouhanni. конс. 3 август 2014. 

Надворешни врски[уреди]