Жолтозелени алги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жолтозелени алги
Botydium granulatum
Научна класификација
Домен: Еукариоти
Царство: Хромалвеолати
Колено: Разнокамшични
Класа: Жолтозелени алги
Allorge ex Fritsch

Жолтозелените алги или ксантофити (науч. Xanthophyceae) се важна група на разнокамшични алги. Највеќето живеат во слатка вода, но некои се среќаваат и во морски и почвени живеалишта. Можат да бидат од едноклеточни камшичари до прости колонијални и кончести облици. Нивните хлоропласти ги содржат фотосинтетичките пигменти хлорофил а, хлорофил ц, β-каротен и каротеноидот дијадиноксантин.[1] За разлика од останатите разнокамшични организми, хлоропластите на жолтозелените алги не содржат фукоксантин, поради што се посветли по боја. Полисахаридот што го складираат е хризоламинарин.[1] Клеточните ѕидови им се создаваат од целулоза и хемицелулоза.[1] Се смета дека се во најблиско сродство со кафеавите алги.

Редови[уреди]

Жолтозелените алги можат да се поделат на следниве 4 реда:

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Stace, Clive A.. „Plant Taxonomy and Biosystematics“. Cambridge University Press, 1991.. ISBN 978-0-521-42785-2. 
  2. Christensen, T. 1987. Seaweeds of the British Isles. Voilume 4 Tribophyceae (Xanthophyceae). British Museum (Natural History), London ISBN 0-565-00980-X

Поврзано[уреди]