Жо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жо
Alves Jô.jpg
Лични податоци
Роден на 20 март 1987 (1987-03-20) (27 г.)
Роден во Сао Паоло, Бразил
Висина &100000000000001890000001,89 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Минеиро
Број 32
Младинска кариера
Коринтијанс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2005 Коринтијанс 81 (17)
2005-2008 ЦСКА Москва 53 (30)
2008–2011 Манчестер Сити 21 (1)
2009 Евертон (позајмен) 12 (5)
2009-2010 Евертон (позајмен) 15 (0)
2010 Галатасарај (позајмен) 13 (3)
2011-2012 Интернасионал 16 (2)
2012- Атлетико Минеиро 29 (10)
Репрезентација
2007- Бразил 3 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 мај 2012

Жоао Алвеш де Азис Силва (роден на 20 март 1987 година), попознат како Жо, е Бразилски фудбалер кој игра за Атлетико Минеиро на позицијата напаѓач.

Тој претходно играл за Коринтијанс, ЦСКА Москва, Манчестер Сити, Евертон, Галатасарај и Интернасионал.

Клубска кариера[уреди]

Коринтијанс[уреди]

Роден во Сао Паоло, Жo играл за бразилскиот тим Коринтијанс во текот на годините од 2003-2005. Тој направил 54 настапи за тимот постигнувајќи 23 гола. Во 2005 година тој направил трансфер во рускиот клуб ЦСКА Москва.

ЦСКА Москва[уреди]

Жo постигнал 14 гола во неговите први 18 настапи за ЦСКА Москва. Во еден натпревар од Лигата на шампионите против Интер од Милано, Жo го постигнал првиот гол во натпреварот но неговиот тим загубил дома со 2-1. Во следниот натпревар против истиот противник тој одново го отворил резултатот, ЦСКА водела и со 2-0, но загубиле со 4-2 во драматичен натпревар на Сан Сиро. Вкупно во сите конкуренции, Жo одиграл 77 натпревари за ЦСКА Москва и постигнал 44 гола.

Манчестер Сити[уреди]

На 31 септември 2008 година, Жо потпишал со Манчестер Сити за непозната сума која се смета дека била во вредност од околу 19.000.000 £, што претставувало клубски рекорден трансфер во тој момент. Тој постигнал еден лигашки гол во 9 натпревари, против екипата на Портсмут, и исто така постигнал два гола во Купот на УЕФА против Омонија. Жo наишол на силни потешкотии во обидот да се вклопи во тимот на Сити и одиграл само 6 натпревари на почетокот на сезоната 2008-09.

Жo му се приклучил на Евертон на заем во февруари 2009 година, со договор до крајот на сезоната 2008-09. Тој го направил своето деби на Гудисон Парк против Болтон Вондерерс, постигнувајќи два гола во победата од 3-0, воодушувајќи го менаџерот Дејвид Мојес уште на своето деби. Тој ја завршил сезоната со пет гола во дванаесет лигашки настапи, иако го пропуштил финалето на ФА Купот бидејќи имал забрана за настап во куповите, откако играл во последните 20 минути во поразот на Манчестер Сити во третата рунда од ова натпреварување од Нотингем Форест.

Тој се вратил во Манчестер Сити на крајот на сезоната, но набрзо повторно му се приклучил на Евертон на едносезонска позајмица до крајот на сезоната 2009-10, со опција за постојан трансфер по завршувањето на сезоната. Неговиот прв гол по позајмицата бил постигнат против АЕК во Лига Европа во групната фаза, кој Евертон го добил со 4-0. Тој се вратил во Бразил без дозвола во текот на Божиќниот периодот, по што менаџерот на Евертон Мојес го суспендирал за прекршување на правилата на однесување.

По овој скандал во Евертон, тој се вратил во Манчестер Сити и бил позајмен на Галатасарај на истиот ден. Тој постигнал три гола за време на неговата позајмица во Галатасарај.

Тој се вратил повторно во Манчестер Сити, откако неговата позајмица во Галатасарај истекла.

На 21 ноември 2010 година Жo бил стартер за Манчестер Сити во убедливата победа на неговиот тим со 4-1 над Фулам на Марк Хјуз (менаџерот кој го доведе во Сити), а Жо истотака одиграл своја улога во убедливата победа на тимот иако не постигнал гол. Жo исто така бил вклучени и во победата од 3-1 на Манчестер Сити нагостувањето кај Вест Хем пред Божиќ и го постигнал единствениот гол во ремито 1-1 на Сити со Јувентус во УЕФА Лига Европа.

Интернасионал[уреди]

На 20 јули 2011 година, по разочарувачкиот престој во Манчестер Сити, во кој постигнал само шест гола во 41 настап, Жo одлучил да се врати назад во Бразил и да му се приклучи на Спорт клуб Интернасионал за да се обиде да ја оживее својата кариера.

Атлетико Минеиро[уреди]

Во мај 2012 година, Жo потпишал со друга бразилска екипа Атлетико Минеиро.

Надворешни врски[уреди]