Жичница „Милениумски крст“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кабините на жичницата и панорама на Скопје во заднината.
Предната страна на возен билет за жичницата
Влезот на жичницата

Жичницата „Милениумскиот крст“жичница со кабини на планината Водно во Скопје, чие главно и последно одредиште е Милениумскиот крст на Водно. Со неа стопанисува превозникот ЈСП Скопје.

Изградба[уреди | уреди извор]

Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010 г. [1] Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“[1].

Жичарницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 г.[2]

Станица Средно Водно[уреди | уреди извор]

Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза на проектот кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница. Трасата на овој дел е долга 1.750 метри и се искачува од 570 до 1.068 метри надморска височина. Жичарницата од австрискиот производител Doppelmayr располага со 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА. На 2 мај 2010, со поставување камен темелник на Средно Водно започнала изградбата на жицарницата[3] како проект со вредност од 6,7 милиони евра. Проектот се одвива во две фази и три дела, од кој првата е веќе изградената „Средно Водно - Милениумски крст“. Вкупната должина на жичарницата ќе изнесува 3.450 метри.

Околу жичарницата има дрвени куќички кои нудат освежителни пијалаци и сувенири. За безбедноста се грижи Црвениот крст на Македонија.

Автобуски превоз[уреди | уреди извор]

ЈСП Скопје има посебна автобуска линија која обезбедува јавен превоз до жичницата. Линијата поаѓа од Транспортиот центар, па минува низ Комплексот банки, Југодрво, Градската болница, плоштадот Македонија, Рекорд, Клиничкиот центар, Панорама, до Средно Водно и обратно.[4].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Утрински весник Архивирано на 17 април 2009 г., Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата, пристапено на 8 мај 2010 г.
  2. Водно доби жичарница - build.mk
  3. МИА[мртва врска], „Почна изградбата на Жичарницата кон Милениумскиот крст на Водно“, пристапено на 8 мај 2010 г.
  4. Возен ред на ЈСП Скопје - Жичница „Милениумски крст“