Жени на работ од нервен слом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Жени на работ од нервен слом“
Mujeres al borde de un ataque de nervios poster.jpg
Постер
Режирано од Педро Алмодовар
Продуцент Педро Алмодовар
Сценарист Педро Алмодовар
Жан Кокто
Настапуваат Кармен Маура
Антонио Бандерас
Хулиета Серано
Роси де Палма
Марија Баранко
Музика Бернардо Бонеци
Кинематографија Хосе Луис Алкаине
Монтажа Хосе Салседо
Дистрибутер Лауренфилм С.А.
Премиера 23 март 1988
Времетраење 90 мин
Држава  Шпанија
Јазик шпански
Буџет $700,000

Жени на работ од нервен слом (шпански: Mujeres al borde de un ataque de nervios е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1988. Филмот беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, освои пет Гоја награди и го прослави Алмодовар.

Дејство[уреди]

“Soy infeliz” (шпански: несреќна сум), мелодраматична песна се слуша на најавната шпица, претставувајќи како Пепа се чувствува на почетокот на приказната.

Телевизиската актерка Пепа Маркос живее во својот голем апартман со многу кокошки, зајаци и други животни кои таа ги собрала. Нејзиното момче Иван тукушто ја оставил, па таа е во депресија и пие апчиња за спиење. Таа и Иван работат на синхронизација на странски филмови; гласот со кој ја придобива неа и многу други жени е истиот кој го користи во својата работа. Тој се спрема да оди на пат, најверојатно со друга жена, и ја замолува Пепа да му ги спакува сите негови работи од кај неа, за тој подоцна да помине да го земе куферот.

Пепа оди на доктор и добива важна вест, па прави сѐ што може да дојде до Иван за да зборуваат пред да оди на пат. Таа дури се јавува и на неговата поранешна сопруга Лусија, која е ментално нестабилна. Лута, Пепа спрема гаспачо, омилениот пијалок на Иван, и во него става 30 апчиња за спиење. Потоа, сакајќи да изгори спомен од нив двајца, го изгорува целиот кревет. Таа остава порака за Иван, но гледа како Лусија ја врла в ѓубре, па фаќа такси да ја следи. Таксистот е некој ексцентричен маж кој обожува мамбо музика и е голем обожувател на Пепа. Тие ја следат Лусија и ја откриваат нејзината адреса. Истата вечер, главната вест на вестите е дека група Шиитски терористи биле фатени, а тоа ја преплашува Кандела, најдобрата пријателка на Пепа, која почнува нервозно да ѝ се јавува. Пепа ја поминува цела ноќ пред станот на Лусија надевајќи се дека ќе го најде Иван. Иако тој не доаѓа дома, таа дознава нешто што пред тоа не знаела: Иван и Лусија имаат син – Карлос.

Пепа се враќа дома в зори и гледа дека телефонската секретарка е преполнета со пораки од Кандела. Во лутина, таа го корне телефонот и го фрла низ прозорецот. Кандела пристигнува, преплашена, но пред да успее да ја објасни зошто е исплашена, Карлос и неговата свршеница Мариса пристигнуваат во станот на Пепа, која го ставила на продажба, а овие сакаат да го видат. Пепа и Карлос откриваат кои се, додека Кандела се обидува да се самоубие. Малку подоцна, Мариса пие од гаспачото и паѓа во длабок сон. Кандела конечно добива шанса да објасни дека се вљубила во некој човек кој со неговите пријатели привремено се вселил кај неа, но излегува дека тие се терористите кои ги фатиле и неа ѝ е страв да не дојде полиција по неа. Пепа оди да побара адвокат за неа, и изненадно влегува во истото такси како претходниот ден. Има нешто чудно кај Паулина, адвокатот кај кој таа пристигнува. Таа се спрема да отпатува за Стокхолм, во еден момент и Иван се јавува во нејзината канцеларија, а Паулина очигледно ја познава Пепа и е многу дрска према неа. Во меѓувреме, Кандела му открива на Карлос дека терористите планираат да киднапираат авион кон Стокхолм таа вечер. Карлос го поправа телефонот и набрзина се јавува во полиција, спуштајќи пред да можат да го идентификуваат повикот, или барем тој така мисли, и изненадно ја бакнува Кандела.

Кога Пепа се враќа, Лусија се јавува кај неа дома и ѝ најавува дека ќе дојде кај неа за да разговараат за Иван. Карлос открива дека таа била во болница за ментални откако Иван ја напуштил и дека пред кратко време била ослободена. Пепа е веќе изморена од Иван и не сака да го види, па го фрла куферот на Иван, за малку промашувајќи го, кој тргнал на аеродром со Паулина. Тој ѝ остава порака на Пепа додека Карлос ја пушта Soy infeliz на плоча. Пепа го фрла грамофонот преку прозор и тој ја погодува Паулина. Откако ја слуша пораката на Иван, повторно го фрла телефонот низ прозор и тој завршува на колата на Паулина. Лусија пристигнува во станот заедно со мајсторот за телефон и двајца полицајци кои го идентификувале повикот на Карлос. Кандела се нервира, но на Карлос му текнува дека сите би сакале гаспачо. Полицајците и мајсторот паѓаат во несвест, Карлос и Кандела се гушкаат на софата и и тие заспиваат, а лудата Лусија ги зема пиштолите на полицаецот и ги вперува во Пепа. Пепа сфаќа дека Паулина е другата жена со која Иван ќе оди во Стокхолм, и дека нивниот лет е оној кој терористите планираат да го киднапираат. Лусија открива дека таа сѐ уште е луда и дека се преправала дека е здрава откако ги слушнала зборовите на Иван на телевизија. Лусија го фрла нејзиното гаспачо во лице на Пепа и истрчува од станот. Земајќи еден моторџија како заложник, таа пристигнува на аеродромот. Пепа ја следи во истото такси во кое се возеше. Лусија ги гледа Иван и Паулина како ги предаваат картите, го вперува пиштолот кон нив, но Пепа пристигнува на време и фрла куфер кон неа. Иван се стрчува кон Пепа, која е физички и ментално истоштена бркајќи го два дена само за да разговараат. Но Иван се брза, и Пепа му вели дека имало време порано, но веќе не. Таа го напушта Иван засекогаш.

Нејзиниот дом е хаос, изгорена спална, скршени прозори, искорнат телефон, гаспачо на подот, животните трчаат насекаде, и неколку посетители кои се во несвест поради преголема доза на апчиња за спиење. Пепа седнува на балконот до Мариса, која тукушто се разбудила. Двете споделуваат еден момент на тишина и мир по луди 48 часа, и Пепа конечно открива зошто толку сакала да го најде Иван - таа е бремена.

Надворешни врски[уреди]