Жени воини во литература и култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бритомартида, Вилијам Ети (1833)
Средновековни жени помагаат да се одбрани градот од нападот.

Приказот на жените воини во литературата и популарната култура е предмет на проучување во историјата, книжевните студии, филмските студии, фолклорот и митологијата, родовите студии, и културните студии.

Фолклор и митологија[уреди | уреди извор]

Во Хинду митологијата, Читрангада, сопруга на Арџуна, била командант на војските на нејзиниот татко.

Амазонките биле племе на жени-воини во грчката легенда. "Амазонка" стана епоним за женски воини и спортисти.

Во британската митологија, кралицата Корделија се борела против неколку претенденти за нејзиниот престол така што лично ја водела армијата во нејзините битки.

Во За храброста на жените грчко-римскиот историчар Плутарх опишува како жените од Аргос се бореле против кралот Клеомен и Спартанците под команда на Телесила во петтиот век п.н.е..[1][2]

Литература[уреди | уреди извор]

Жените воини имаат долга историја во фикцијата, каде што тие често имаат поголема улога отколку нивните историски инспирации, како што се "Гордафарид" (персиски: گردآفريد) во античката Персиска поема Шахнаме.

Разни други жена воини се појавиле во класичната литература: Белфиби и Бритомартида во Кралицата на самовилите, Брадаманта и Марфиса во Орландо Фуриосо, и Камила во Енеида. Исто така, се води дебата помеѓу научниците за тоа дали мајката на Грендел од песната Беоулф била чудовиште или жена воин.

Слично[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]