Жаклин Кокран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жаклин Кокран
Жаклин Кокран ц. 1943
Роден(а)11 мај 1906(1906-05-11)
Маскоџи, Флорида
Починал(а)9 август 1980(1980-08-09) (возр. 74)
Индио, Калифорнија
Занимањепотполковник, воздухопловец, пробен пилот, портпарол и деловник

Жаклин Кокран (11 мај 1906 година - 9 август 1980) е пионер во областа на американското воздухопловство, се смета за една од најдобрите пилоти во историјата, и често го користела своето влијание за да ја унапреди каузата на жените во воздухопловството. Таа беше важен фактор во формирањето на воениот Помошен Армиски Корпус на Жените (WAAC) и организацијата на женските пилоти (WASP).

Трката „Бендикс“ во 1938 г.[1]

Таа беше првата жена да се натпреварува во трката МакРобертсон Воздушна Трка во 1934 година.[2] Во 1937 година, таа беше единствената жена да се натпреварува во трката „Бендикс“ и работеше со Амелија Ерхарт да ја отвори трката за жени. Истата година, таа постави нов национален брзински рекорд. Од 1938 година, таа била сметана за најдобар женски пилот во САД. Таа победи на „Бендикс“ и постави нов трансконтинетален брзински рекорд како и нови рекорди во однос на надморската височина.[1] Кокран беше првата жена да лета бомбер низ Атлантикот. Таа освои пет Хармон Трофеи како најизвонредна пилотка во светот. Била наречена "Кралицата на Брзина", во текот на нејзиниот живот немало друг пилот кој поставил толку многу рекорди во однос на брзината, далечината или надморската височина во историјата на воздухопловството.[3]

Таа сè уште има повеќе рекорди во однос на далечина и брзина од кој било пилот жив или мртов, маж или жена.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Jacqueline Cochran and the Women's Airforce Service Pilots." Архивирано на 17 март 2015 г. National Archives and Records Administration: The Dwight D. Eisenhower Presidential Library, Museum, and Boyhood Home. Retrieved: July 10, 2013.
  2. Hickok, Ralph, "The Encyclopedia of North American Sports History", Facts On File, Inc., New York, Oxford,1992, Library of Congress card number 91-6667, ISBN 0-8160-2096-5, page 110.
  3. "Explorers, Record Setters and Daredevils." Архивирано на 2 март 2008 г. Centennial of Flight, 2003. Retrieved: October 24, 2009.
  4. Pelletier 2012, p. 149.