Ефлоресценции

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ефлоресценциите ги опфаќаат сите микроскопски видливи промени на кожата. Научната гранка што ги изучува нивната морфологија, потеклото и развитокот се нарекува дерматолошкасемиотика.

Ефлоресценции[уреди | уреди извор]

Ефлоресценциите ги опфаќаат сите микроскопски видливи промени на кожата. Научната гранка што ги изучува нивната морфологија, потеклото и развитокот се нарекува дерматолошкасемиотика. Ефлоресценциите со право се нарекуваат „дерматолошка азбука“ или знци чие познавање е неопходен услов за поставување дерматолошка дијагноза. Кај секоја ефлоресценција опишуваме нејзина големина, форма, ограниченост од здрава кожа, боја, површина (испакната, вдлабната, рамна). На палпацијата се одредува нејзината конзистенција (тврда, еластична, мека) и евентуална чувствителност (болна или нечувствителна).

Видови ефлоресценции[уреди | уреди извор]

При кожните болести може да постои само 1 вид ефлоресценции (мономорфизам) или пак може истовремено да бидат присутни 2 или повеќе вида ефлоресценции (полиморфизам).
Според начинот на настанување, ефлоресценциите ги делиме на:

  • примарни- се оние коишто настануваат како прв и непосреден знак на болеста
  • секундарни- настануваат од примарните во текот на нивниот подоцнежен развиток или по нивно оздравување.

Според нивото што го имаат во однос на околната здрава кожа, ефлоресценциите се делат на:

  • ефлоресценции во ниво на здрава кожа
  • ефлоресценции под ниво на здрава кожа
  • ефлорсценции над ниво на здрава кожа

Ефлоресценции во ниво на здрава кожа[уреди | уреди извор]

Дамка (macula) е единствена ефлоресценција која е во нивото на околната здрава кожа, а од која се разликува само по бојата. Може да има различна големина, форма и боја. Во зависност од начинот на настанување, ги разликуваме следните форми на дамка:

  • васкуларна (хиперемична) дамрка- настанува поради активна или паснива хиперемија на кожата. При активна хиперемија макулата има светлоцрвена, а при пасивна сино-црвена леќа. Многубројни дамки со црвено-розова боја со големина на зрно леќа, симетрично распоредени по телоето, се викаат розеола. Црвенило на поголеми површини од кожата се нарекува еритем.
  • таленгиектатична дамка ја сочинуваат многубројни вродени или стекнати, трајно проширени капилари и мали крвни садови во дермата. По боја е црвена, а на витропресија побелува.
  • хеморагична (пурпурична) дамка се јавува како резултат на крварење во кожата. Бојата на хеморагичната дамка е менлива. Во почетокот е светлоцрвена, а подоцна, поради распаѓањето на еритроцитите и разградувањето на хемоглобинот, се менува во црвено-сина, сино-зеленикава, зеленикаво-жолта, кафеаво-жолта и жолта за конечно да исчезне. Малите точкести дамки со големина а просо се викаат петехии, поголеми од 1 cm, ехимози, а поопсежните – суфизии. Оние со линеарната или лентовидната форма се нарекуваат вибицес. Ако во органичен дел на кожата е присутно крварење кое ја надигнува кожата, настанува хематон. Тој не припаѓа во макулозните ефлоресценции. Дисхромичните мускули се јавуваат како последица на зголемено или смалено количество на пигмент во органичени делови на кожата. При зголемена количина на кожниот пигмент меланин, тие имаат кафена боја (сончеви дамки, дамки кај бремени жени). При смалена количина при потполно исчезнување на пигментот, дамките имаат бела боја.

Ефлоресценции над ниво на здрава кожа[уреди | уреди извор]

Кератоза (keratosis) е задебелување на рожестиот слој на епидермата. Може да вродена или стекната. По боја е бело-жолтеникава до темнокафеава. Најчесто е локализирана на дланките и на стапалата.
Јазолче (papula) е јасно органичена промена која се издигнува над ниво на здравата кожа, со цврста конзистенција и зараснува без лузна. Има различна големиа, облик и боја. Меур (bulla) е поголем од везикулата и достигнува димензии од повеќе сантиметри (поголем од грашок, како лешник, орев, јајце). Меурот може да биде исполнет со бистра, крвава или гнојна.
Гнојно меурче (pustula) по големина и форма одговара на везикулата, но пастулата е исполнета со гнојна содржина. Пустулата уште од самиот почеток може да биде исполнета со гној (примарна пустула) или може да настане од везикулата, чија бистра содржина загнојува (секундарна пустула).
Плака (plax) е всушност папула со плечеста форма и димензија, најчесто со поголеа од 2 cm. јасно е ограничена, но понекогаш може постепено да преминува кон здравата кожа. Формата и е овална, тркалезна или неправилна. Има различни нијанси на црвена или сиво-црвена, а површината често десквамира.
Лушпа (squama) се сотои од напластени рожести клетки кои постепено се лупат и паѓаат. При некои кожни заболувања е нарушен процес на кератинизацијата во епидермата и лупењето е зголемено. Според изгледот и големината на лушпите, десквамацијата може да биде правлива или во облик на ливчиња.
Краста (crusta) е секундарна промена, што значи се создава на промена која веќе постои. Настанува од исушена лимфа, серум, крв, гној, маст или нивна комбинација. Бојата зависи од содржината и може да биде од светложолта, темножолта, жолто-зеленикава, кафеава до црна.
Циста (cystis) е шуплина во кожата на различна длабочина. Може да биде едвај видлива со голо око или голема колку зрно бибер, лешник, орев, јајце и поголема. Содржината нацустата може да биде течна, полутелна и тврда (пот, лој, кератин, епителни клетки). разликуваме вистинска циста, кај која ѕидот е обложен со епителни клетки и невистинска(лажна) циста, кај која ѕидот е од сврзно ткиво. Ретенциони цусти (застојни) се создаваат поради затнување на излезниот канал на потните и на лојните жлезди.
Плик (urtica) е јасно ограничена, плочеста промена над нивото на кожата со бледа или црвена боја, во големина на зрно просо до дланката и ѕште поголема. Настанува поради едем во папиларниот дел на дермата, настанат како резултат на алергиска реакција на кожата. Брзо се појавува, кратко трае( од неколку до 24 часа, ретко подолго до 48 часа). Придружена е со јадеж кој се ублажува со триење или притискање, а не со чешање.
Тубер (tuber) е ефлоресценција по грдаба и форма слична на папулата, но во понатамошниот развиток се распаѓа и се санира со лузна.
Тумор (tumor) е органичена, јазловидна, ефлоресценција со различна форма, големина и конзистенција, чие појавување се должи на неопластичен процес. Туморите на кожата се делат на небигни и злоќудни.

Ефлоресценции под ниво на здрава кожа[уреди | уреди извор]

Гребнатина (excoriatio) е површинска линеарна повреда на кожата која е последица на механичка траума, односно чешање. Ако е оштетен само рожестиот слј, површината е белузлава, а ако е подлабоко, површината е црвеникава и влажна, исполнета со крвав секрет кој се стврднува во кафеава краста. Се санира најчесто без белег.
Ерозија (erosio) е површински, но подлабок дефект и е последица на патолошки процеси на кожата. Има црвена боја, различна форма и секогаш е влажна. Најчесто се гледа по прскање на булите и пустулите. По оздравувањето не остава белег.
Рагада (rhagas) е пукнатина во кожата. Се јавува поради дејство на растегнувачка сила врз кожата со намалената еластичност и често е препокриена со дебел рожест слој. Најчесто е присутна на дланките и на стапалата. Може да бидат:

  • површински
  • длабоки- тие се болни, може да крвават, да се инфицираат и да се покријат со краста.

Фисура (fissura) е пукнатина што се јавува на слузокожите или преодот од кожа во слузокожа. Најчесто се јавува во аголот на устата и на анусот.
Чир (ulcus) е длабок дефект на кожата кој настанува поради распаѓањето на болното ткиво, за разлика од раната која се појавува при повреда на здрава кожа. Секогаш зарасннува со белег. Кај секој улкус се разликуваат форма, длабочина, дно, рабови, околина и чувствителност.
Фистула (fistula) е отвор на површината на кожата кој кон длабочибата продолжува со канал. Кога на долниот крај завршува слепо е некомплексна фистула, а кога завршува слепо некомплетна фистула, а кога завршува со отвор во некоја шуплина, гнојно жариште е комплетна фистула. Тогаш на површината на кожата најчесто се излева гној.
Нодус (nodus) е ограничена промена на која настанува во кожата или под неа, откако ќе порасне ја подигнува над себе. Големината му варира од лешникот до јајце. По конзистенција е тврд.нодусот може да исчезне по пат на ресорпција без да остави белег или пак да распадне создавајќи фистула или белег.
Апсцес (abscessus) е ограничена шуплина на кожата или под неа исполнета со гној. Апцсот може да биде предизвикан од бактерии (топол, акутен) или од хемиски супстанции (стерилен апцес)
Белег (cicatrix) е новосоздадено сврзно ткиво кое ги надоместува и пополнува дефектите на кожата настанати ос разни видови трауми, воспалителни процеси или хируршки интервенции. Составено е од колагени влакна без еластични влакна и кожни аднекси. Бојата на лузната во почетокот е црвено-розова, а подоцна белузлава.

Атрофија (atrophia) е ефлоресценција која се манифестира со истенченост или недостиг на сите, или само на поеднино, слоеви на кожата. Кожата на тие места е тенка (како хартија за цигари), набрана(како кора од печено јаболко) и провидна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]