Етика (Спиноза)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловна страница на „Етика“

Етика (лат. Ethica, ordine geometrico demonstrata, „Етика, прикажана на геометриски начин“) е философско дело од холандскиот философ Барух Спиноза. Оригиналот е на латински. Иако книгата е издадена постхумно, во 1677, ова е најпознатото дело на Спиноза, и се смета за негов магнум опус.

Во „Етика“ Спиноза се обидува да исложи „наполно издржан философски систем кој се стреми да ни прикаже целосна слика за стварноста и да ја разбере суштината на етичкиот живот. Следејќи постепен логички формат чекор по чекор, делото ја дефинира природата на Бога, умот, човековото робување на своите чувства, и моќта на сфаќањето -- разгледувајќи го вечното, размислува за местото на човекот во придорниот поредок, слободата, и патот кон досежната среќа.“[1]

Стил [уреди]

Стилот и системот на книгата, според зборовите на Спиноза, е „прикажан на геометриски начин“ со предговори, дефиниции, аксиоми и леми. Потоа следат искази кои може да се состојат од белешки, докази и королари (следства). Тука се употребуваат и приложени додатоци со објасненија. Ваквиот формат на излагање го имитира Евклидовото дело „Елементи на геометријата“.

Германскиот философ Артур Шопенхауер тврди дека „Општо земено, Спиноза е виновен за голема грешка заради неговото намерна злоупотреба на зборови со цел да изрази концепти што целиот свет ги нарекува поинаку, а и, од друга страна, лишувајќи ги од значењата кое тие насекаде го имаат. Вака тој го нарекува 'Бог' она што секаде се нарекува 'Свет'; 'правда' она што насекаде се нарекува 'моќ'; и 'волја' она што секаде се нарекува 'расудување'."[2]

Белешки [уреди]

  1. Penguin Classics. Ethics. www.penguinclassics.com
  2. Parerga and Paralipomena, Том I, „Sketch of a History of the Doctrine of the Ideal and the Real“

Надворешни врски [уреди]

Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: