Есик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Есик
Есik
Амблем на Есик
Амблем
Есик is located in Казахстан
Есик
Есик
место во Казахстан
Координати: 43°21′N 77°28′E / 43.350° СГШ; 77.467° ИГД / 43.350; 77.467Координати: 43°21′N 77°28′E / 43.350° СГШ; 77.467° ИГД / 43.350; 77.467
ЗемјаКазахстан
ОбластАлмати
Првпат населенXIX
Основан1858
Град1968
Површина
 • Вкупна25,8 км2 (100 ми2)
Надм. вис.&100000000000012140000001.214 м
Население (2009)
 • Вкупно34,355
Часовен појасUTC (UTC+6)
поштенски код040400 (град)
Повик. бр.+7 72775
регистарска табличка05, B

Есик (казашки: Есік, понекогаш запишано и како Исик, Јесик) е град во покраината Алмати во Казахстан, административен центар на округот Енбекшиказах. Сместен е на реката Исик, на подножјето на Тјеншан, 53 км источно од Алмати и 112 км од езерото Исик-ќол. Население:
34,355 жители (2009);[1] 31,254 жители (1999).[1]

Основан е од козаците во 1858 под името Надеждинскаја станица. Исик Курган и познатиот „златен човек“ се во близина.

Параден оклоп катафракт со златни крлушки од кралот на саките пронајден во Исик во Казахстан во 1970 година[2]

Блиското езеро Исик (не е големото езеро Исик-ќол во Киргистан) е познато по тоа што е создадено како резултат на лизгање на земјиштето кое ја преградило долината, за подоцна да биде уништено од уште едно лизгање на земјиштето во 1963 година, при што последици имали самиот град Есик, за повторно да биде создадено од човекот.

Американски мировни сили[уреди | уреди извор]

Есик бил домаќин на 20-тата група на Американските мировни сили OCAP (Organization and Community Assistance Program), доброволци во Казахстан кои тука го имале почетниот тренинг. 20 семејста ги здомиле доброволците за периодот од 3 месеци, почнувајќи од нивното пристигнување во земјата во август 2008 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Население Республики Казахстан“. Департамент социальной и демографической статистики. Посетено на 8 December 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „kz2009Census“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. K.A.Akishev "Issyk Mound, The art of Saka in Kazakhstan", Moscow Isusstvo Publishers 1978