Ерусалимско кралство
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Предупредување: Не е наведена вредност за "континент" | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ерусалимското кралство е христијанска држава, која била создадена по завземањето на Ерусалим во текот на првата крстоносна војна во 1099 година од страна на крстоносците.
Прв владетел на кралството е Годфрид Бујонски. Најпрвин, кога било создадено кралството, тоа било малку повеќе од слободна колекција од градови кои беа завземени по време на крстоносната војна. Неговиот прв крал Готфрид воопшто себе си не се нарекувал крал. Со создавањето на Ерусалимското кралство, тоа било една од највлијателните теми по тоа време а и најмногу се размислувало за тоа дали кралството ќе прерасне во светско како другите кралства или пак ќе остане под теократичната власт на папата и Ватикан. Кралството со текот на времето започнало да се развива како и останатите монархии од западна Европа со кои имаше блиски врски. Тоа кралство всушност ја наследувало политичката врска и моќ на западна Европа. Тоа не би можело никогаш да се рамни со некое друго кралство ни по големина, ни по моќ ни по богатство бидејќи се тоа беше подржувано од страна на Европа чии сили беа утврдени во кралството. Најголема врска кралството имало со византиската империја. Крстоносците исто така оформуваат и три независни држави- графствата Триполи и Едеса како и Антиохија.
Во почетокот, припадниците на муслиманската вера нмале некоја голема грижа за постоење на такво царство. Но колку се ближеше крајот на 11 и почетокот на 12 век, желбата за муслиманско обединување се повеќе и повеќе се зголемувало. Така со започнувањето на крстоносните војни, градот бил повеќе пати предаван во нечија контрола. Ерусалим за крстоносците бил изгубен во 1187 година од страна на Саладин и кралството до 13 век било намалено неговото владеење. Кралството било разрушено во 1291 година.
| Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||