Еребица камењарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еребица камењарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Фамилија: Phasianidae
Потфамилија: Perdicinae
Род: Alectoris
Вид: Еребица камењарка
Биномен назив
Alectoris graeca
(Meisner, 1804)
Подвидови

види во текстот

Синоними

Perdix graeca Meisner, 1804

Еребица камењарка
Alectoris graeca graeca

Еребицата камењарка (Alectoris graeca) е од фамилијата на фазаните, редот на кокошковидните. Распространета е во југозападниот дел на Азија и југоисточна Европа. Еребицата камењарка ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Еребицата камењарка има округол облик, а боите ѝ се слични на боите на камењата. Претежно е сива, со светлокафеав грб, сиви гради и кремава боја на стомакот. Лицето ѝ е бело со црни линии, а на крилјата има коцкасти шарки. Нозете ѝ се црвени. Кога ќе се вознемири, таа претопчита да трча повеќе отколку да лета, но ако е неопходно ќе прелета кратко растојание. Има должина до 36 см, а распонот на крилјата може да ѝ достигне до 60 см.

Живеалиште и размножување[уреди]

Оваа еребица живее на суви и отворени места, често во ридест предел. Создава мали јата и не е птица преселница. По острите и бучни звуци, како „га-га-га-га-чакара-чакара-чакара“, се разликува од сличните на неа птици. Гнездото го прави на земја, едвај постилајќи некое гранче, и несе од 5 до 21 јајце. Се храни со разни семиња и инсекти.

Статус[уреди]

Овој вид е во опаѓање во делови од нејзиниот опсег што се должи на загубата на живеалиштата и на претераниот лов. И покрај тоа што генерално успева да се одржи како вид, статусот на Сицилија заслужува внимание.

Систематизација[уреди]

Има три подвида (McGowan 1994), кои се разликуваат претежно во боите, но и според молекуларните студии (Randi 2006):

  • A. g. graeca (Meisner, 1804) - Источна еребица камењарка
Источна Босна и Херцеговина до Грција, Бугарија, Македонија.
  • A. g. saxatilis (Bechstein, 1805) - Централна еребица камењарка
Јужниот дел на Алпите до западна Босна и Херцеговина.
  • A. g. whitakeri Schiebel, 1934 - Сцилијанска еребица камењарка
Само на Сицилија.


Наводи[уреди]


  • McGowan, Philip J. K. (1994): 11. Rock Partridge. In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Sargatal, Jordi (editors): Handbook of Birds of the World, Volume 2: New World Vultures to Guineafowl: 485, plate 43. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-15-6
  • Randi, Ettore (2006): Evolutionary and conservation genetics of the rock partridge, Alectoris graeca. Acta Zoologica Sinica 52(Supplement): 370–374. PDF fulltext