Ердене Зу манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон комплексот
Храм во комплексот.
„Златната Ступа"

Ердене Зу (монголски: Эрдэнэ Зуу) е најзначајниот и најстар будистички манастир во Монголија. Манастирот се наоѓа во Провинцијата Оворхангај, во близина на градот Харахорин и стариот разрушен град Каракорум.

Манастирот бил изграден во 1585 година од Абтај Саин Хан[1] , по второто воведување на будизмот во Монголија. За изградба на манастирот се користеле камени блокови од стариот разрушен град Каракорум[2]. Манастирот е заграден со 102 ступи[3]. Манастирите се добро декорирани и има елементи на кинеската архитектура, особено покривот. Манастирот бил оштетен во 1680 и повторно изграден во 18 век за да во 1872 година има 62 храмови во комплексот.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Erdene Zuu Monastery“. Culture Mongolia. http://www.culture.mn/mongolia.php?recordID=erdene-zuu-monastery. конс. 12 март 2007. 
  2. „Karakorum“. Culture Mongolia. http://www.culture.mn/mongolia.php?recordID=karakorum. конс. 12 март 2007. 
  3. Image:ErdeneZuuMonasteryMongolia.JPG reveals 100 stupas, plus two hidden behind the far corner

Надворешни врски[уреди]