Ервин Ромел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ромеловата награда за успех е неговото унапредување и назначување за командант на 5-тата светла дивизија( подоцна позната како 21-вата Панцир Девизија) и 15-тата Панцир дивизија, кои беа пратени во Либија во 1941 година да учествуваат во операцијата Sonnen Blume, да им помогнат на деморализираните Италијански трупи коишто доживеаа тешки порази од британските трупи во операцијата Компас. Ова се, се случувало во Африка, каде Ромел го постигнат својот најголем успех, како командант.

Првата оска на напад

Неговата кампања во Северна Африка му го донесе на Ромел прекарот “Пустинска Лисица”. На 6ти февруари 1941 на Ромел му било наредено да стапи под команда на Афричките трупи, кои биле пратени во Либија да им помогнат на Италијанските сили, кои биле поразени од Британските. Првенствено наредил да се симулира одбранбен став и да се држат фронтните линии, но ова баш не му успеало и имало ефект на ограничена одбрана околу градовите Agedabia и Benghazi во Мај, и тогаш донел одлука да се држи фронтната линија помеѓу овие 2 града. Ромел дебатирал за тоа дека таа ограничена одбрана може да биде неефикасна, со оглед на тоа што целиот град Cyrenaica би бил заробен, ако се продолжело со задржување на линиите. Држењето на фронтните линии се чинело обесхрабрувачко, со оглед на фактот што Италијанците имале уште само 7.000 трупи останати во областа, откако O’ Connor успеал да зароби 130.000 војници и околу 400 тенкови во предходните 3 месеци.

На 24 Март, Ромел лансирал лимитиран напад, само со 5тата светла дивизија, поддржана од 2 Италијански Дивизии. Надежта за успех во ова била мала, но неговата интуиција погодила, кога во мај пристигнала 15тата Панцир дивизија. Британците, кои ослабеле, кога се изедначиле во битката во Грција,се вратиле назад во Mesa el Brega, и почнале да коваат одбранбени планови. Ромел одлучил да продолжи со нападот, со цел да не им дозволи на Британците да се појачаат. После еден ден, жестока борба, Германците ги поразиле Британците и продолжиле да ги поттискаат, со оглед на тоа што Ромел игнорирал секакви повлекувања од Agedabia до Мај. Откако Британскиот командант (Archibald Wavell) ги преценил силите на оската а воедно и свесен за нивната граница и можноста за пресврт, наредил повлекување од Benghazi во април за да ги избегне итрите планови на Ромел. Ромел, забележувајки дека Британците не се одлучни, се одлучил на дрзок чекор. Блокада а Cyrenaica, без оглед на тоа што имал само Светли Сили(Light Forces). Тој и наредил на италијанската Ариета да ги гони кукавичните Британци, а 5тата Светла Дивизија да се движи кон Benghazi. Генерал Мајорот Johannes Streich, командирот на 5тата светла дивизија, се бунел на овие одлуки, но Ромел ги отфрлил. Италијанскиот Командант Italo Gariboldi, пробал повеќе пати да го предомисли Rommel, но не бил во можност да стапи во контакт со него.

Откако Benghazi се осигурал околу повлекувањето на Британија, Cyrenaica и Gazala биле освоени на 8 арпил. Ова беше направено со занемарување на неколку жестоки простести од Италијанецот GHQ, кој почувствувал дека Ромел одел против неговите наредби, посебно откако тој бил под Италијанска команда.Ромел добил наредби од German High Command дека тој не бил овластен за да донесе одлука да се помине Maradah, но тој го занемарил ова, како и протестите од некои негови претпоставени. Тој верувал дека бил во одлична позиција за помасовно уништување на непријателот и освојување на Египет. Одлучил да го продолжи притисокот врз кукавичните Британци и лансирал мудар напад на важниот дел на Torbuk, и за неговото времетраење успеал да го зароби генералот Philip Neame како и O’Connor на 9 Април. Заедно со Италијанските сили, коишто напаѓале на брегот, Ромел одлучил да премине брзо на југ и да го нападне пристаништето од југо-исток со помош на 5тата Светла Дивизија, и се надевал да го фати во стапица непријателот таму. Оваа стапица неможела да биде изведена толку брзо, како што било планирано, бидејки Британците формирале линија и ги напаѓале од таму, со што овој план пропаднал. На 11 Април, окупацијата и освојувањето на Torbuk е завршено и првиот напад е започнат. Другите сили, продолжиле со притиснување на исток, стигнале до Bardia и ја освоиле цела Либија на 15 април.