Епир (периферија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
-
- Оваа статија се однесува на грчката периферија Епир. За други значења видете Епир.
|
Периферија Епир Περιφέρεια Ηπείρου |
|
|---|---|
![]() |
|
| Главен град | Јанина |
| Префектури | Арта Јанина Превеза Теспротија |
| Население | 358.698 (2005) |
| Површина | 9.203 km² |
| Густина | 39 жители/km² Податоци... |
| Веб-место | www.roe.gr |
Епир (грчки: Ήπειρος) е периферија во северозападна Грција. Се граничи со Западна Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9.200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија.
Содржина |
Територијално-административна поделба на Епир [уреди]
Епир е поделен на четири подобласти, наречени „номи“' (грчки: νομοί), кои пак, од своја страна се поделени на општини наречени „дими“ (грчки: δήμοι). Четирите општини се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.
Демографија [уреди]
Во грчкиот Епир живеат околу 350.000 луѓе. Најголем дел од населението се Грци, но има и Власи и Албанци. И тие, како и Македонците не се признати како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.
Географија и екологија [уреди]
Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција. Климата на Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.
Економија [уреди]
Од економски аспект, Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделството е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.
|
|
|
|||||||


