Енциклопедија на егзопланети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енциклопедија на егзопланети
The Extrasolar Planets Encyclopaedia
URL http://exoplanet.eu/
Тип астрономија
Регистрација нема
Сопственик Париска опсерваторија
Творец Жан Шнајдер
Пуштено февруари 1995
Приход 5
Тековен статус активно

Енциклопедијата на егзопланети (англ. Extrasolar Planets Encyclopaedia)[1][2][3][4][5] е астрономски портал кој претставува база на сите познати и потенцијални егзопланети, со поединечни страници за секоја планета и полн интерактивен таблеарен каталог. Основач и уредник на енциклопедијата е астрономот Жан Шнајдер од Париската опсерваторија кој ја започнал во февруари 1995.[6][7] Главниот каталог содржи бази на податоци за сите тековно потврдени егзопланети и база на забележани, но непотврдени планети. Базата често се подновува со најнови податоци од стручни трудови, билтени и конференции.

На поединечните страници, планетите се наведени заедно со нивните основни особини како годината на откривање, масата, радиусот, орбиталниот период, големата полуоска, ексцентрицитетот, наклонот, должината на перицентарот, времето на перицентарот, максималната временска варијација и времето на преминување, вклучувајќи ги сите опсези на грешка.

Страниците на планетите содржат и податоци за нивните матични ѕвезди, како што се име, оддалеченост (во парсеци), спектрален тип, делотворна температура, привидна величина V, маса, радиус, старост, координати на ректасцензија и деклинација. Дури и кога се познати, не сите податоци се наведени во интерактивниот табеларен каталог. Изоставени се и многу од податоците што се пресметуваат со проста примена на Третиот Кеплеров закон за движењето. Најзабележително е отсуството на податоци за сјајноста на ѕвездите.

Каталогот заведува објекти со масивност до 25 Јупитерови маси,[8] накачено од претходниот критериум од 20 Јупитерови маси.[9]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Pätzold, M.; Rauer, H. (2002). „Where Are the Massive Close-in Extrasolar Planets?“. „Astrophysical Journal Letters“ 568 (2): L117. doi:10.1086/339794. Bibcode2002ApJ...568L.117P. 
  2. Ida, S.; Lin, D. N. C. (2004). „Toward a Deterministic Model of Planetary Formation. I. A Desert in the Mass and Semimajor Axis Distributions of Extrasolar Planets“. „Astrophysical Journal“ 604: 388. doi:10.1086/381724. Bibcode2004ApJ...604..388I. 
  3. Raymond, S. N.; Mandell, A. M.; Sigurdsson, S. (2006). „Exotic Earths: Forming Habitable Worlds with Giant Planet Migration“. „Science313 (5792): 1413–6. doi:10.1126/science.1130461. PMID 16960000. Bibcode2006Sci...313.1413R. 
  4. Armstron, J. C.; Larson, S. L. (2007). „Specific Angular Momenta of Extrasolar Planetary Systems“. „Bulletin of the American Astronomical Society“ 38: 105. Bibcode2007AAS...210.0904A. 
  5. Stevenson, D. J. (2008). „A planetary perspective on the deep Earth“. „Nature451 (7176): 261–5. doi:10.1038/nature06582. PMID 18202637. Bibcode2008Natur.451..261S. 
  6. Kirkland, K. (2010). „Space and Astronomy: Notable Research and Discoveries“. Frontiers of Science. Infobase Publishing. стр. 29. ISBN 0-8160-7445-3. 
  7. Dvořák, R. (2008). „Extrasolar Planets: Formation, Detection and Dynamics“. Wiley-VCH. стр. 57. ISBN 3-527-40671-9. 
  8. Schneider, J.; Dedieu, C.; Le Sidaner, P.; Savalle, R.; Zolotukhin, I. (2011). „Defining and Cataloging Exoplanets: The Exoplanet.eu Database“. „Astronomy & Astrophysics“ 532: A79. doi:10.1051/0004-6361/201116713. Bibcode2011A&A...532A..79S. 
  9. Matson, J. (29 ноември 2010). „How One Astronomer Became the Unofficial Exoplanet Record-Keeper“. „Scientific American“. http://www.scientificamerican.com/article.cfm?id=exoplanet-catalogue. конс. 29 јули 2012.