Ентеробактерии
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ентеробактериите ја сочинуваат фамилијата Enterobacteriaceae, која е една од најважните фамилии на бактерии, како во поглед на количество (повеќе од 30 родови и преку 100 видови), така и во квалитативен поглед. Тука се среќаваат многу родови, од кои повеќето се убиквитарни и често предизвикуваат инфекции кај човекот и животните. Други наоѓаат широка примена (ферментација на сирење и останати млечни производи, алкохол, производство на токсини во козметиката, медицински третман, добивање на антивирални агенси во фармацевтската индустрија итн.).
Ентеробактериите се грам-негативни бактерии кои по својата морфологија може да се коки или стапчиња. Членовите на оваа група се дел од цревната (од грчки: enteron - црево) микробиота (познати како колиформи), како и од кожната микробиота на човекот и животните. Некои видови може да живеат во почвата, водните растенија и животните. Релативно лесно се отстрануваат со најчестите дезинфектанти каков што е хлорот.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
