Енрико Газпарото

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Енрико Газпарото

Газпарото во 2006
Лични податоци
Цело име Енрико Газпарото
Роден 22 март 1982 (1982-03-22) (31 г.)
Сачиле, Италија
Висина 1,74 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2005–2007
2008
2009
2010–
Ликвигас-Бјанки
Барловорлд
Лампре-НГЦ
Астана
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2007)

Етапни трки

Стер Електротур (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2005)
Амстел Голд Рејс (2012)

Други

Европска турнеја UCI (2007–2008)
Последна промена
22 април 2013

Енрико Газпарото (роден на 22 март 1982 во Сачиле) е италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана, каде се приклучил во 2009. Тој станал професионалец во 2005 со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.

На Џиро д’Италија 2007, Газпарото ја водел екипата Ликвигас на етапата 1 кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.

Газпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[1] и Газпарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондале.[2] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана, Максим Иглински.[3] На Вуелта а Еспања, Газпарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зајтс и самиот Газпарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Газпарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради фрактури на три места на неговата клучна коска.[4]

Достигнувања [уреди]

2005
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Етапа 2 Волта а Каталуња
2006
1. Меморијал Кимури
3. Копа Сабатини
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија
Ја носел розовата маичка Jersey pink.svg на етапите 1 & 3
2. Краен пласман Трка околу Данска
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 3
1. Џиро дела Ромања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
3. ГП ди Лугано
2009
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман Тур де Свис
2010
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
3. Астел Голд Рејс
9. Страде Бјанке
2011
4. Тре Вали Варезине
2012
1. Амстел Голд Рејс
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Трофео Лагвелја
2013
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
9. Астел Голд Рејс

Наводи [уреди]

  1. Фреир вели дека ветрот ги уништил неговите шанси за освојување на Амстел Голд Рејс“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 април 2012 (проверено на 16 април 2012).
  2. Газпарото го освоил Амстел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (проверено на 16 април 2012).
  3. Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Velo News“, VeloNews.com, 22 април 2012 (проверено на 22 април 2012).
  4. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Фрактура на клучната коска за Енрико Газпарото по падот во екипниот хронометар“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 19 август 2012 (проверено на 19 август 2012).

Надворешни врски [уреди]