Енрико Баталјин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енрико Баталјин

Баталјин на Трката околу Британија 2014
Лични податоци
Цело име Енрико Баталјин
Роден 17 ноември 1989 (1989-11-17) (24 г.)
Маростика, Италија
Висина 1,74 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Бардијани-ЦСФ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2008–2011
2011
Залф Дезире Фјор
Колнаго-ЦСФ Инокс (стажант)
Професионални клубови
2012– Колнаго-ЦСФ Бардијани
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2013, 2014)

Еднодневни трки и класици

Копа Сабатини (2011)
Последна промена
23 октомври 2014

Енрико Баталјин (италијански: Enrico Battaglin; р. 17 ноември 1989) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Бардијани-ЦСФ.

Потпишал со Колнаго на 17 години поради неговиот ран успех и талент, но поминал четири години во младите рангови пред да биде повикан во главната екипа.[1] Постигнал поголем успех по приклучувањето во професионалните редови со победата на трката Копа Сабатини.[2] Во 2013, Баталјин ја освоил четвртата етапа на Џиро д’Италија. Го освоил спринтот во водечката група пред сонародниците Фабио Фелине и Џовани Висконти.[3]

Достигнувања[уреди]

2009
1. Џиро Вали Аретине
3. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
3. Џиро дел Медио Брента
2010
1. Краен пласман Џиро деле Реџони
1. Етапа 1
1. ГП Сан Џузепе
1. ГП Каподарко
2. ГП Палио дел Речото
3. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
2011
1. Трофео Зсшди
1. ГП Сан Џузепе
1. Копа Сабатини
1. ГП Ецио дел Росо
2. Џиро дел Медио Брента
2. ГП Каподарко
3. Џиро дел Белведере ди Вила ди Кордињано
3. Џиро дела Ромања
2012
1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро ди Паданија
3. Гран Премио ди Лугано
2013
1. Етапа 4 Џиро д’Италија
3. Трофео Матеоти
8. Џиро ди Тоскана
2014
1. Етапа 14 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 74 СО 52
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Dansie, Sam. „Five riders for the future“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 февруари 2012 (конс. 26 февруари 2012).
  2. Баталјин победи на Копа Сабатини“, „Eurosport“, 7 октомври 2011 (конс. 8 мај 2013).
  3. Бен Аткинс. „Џиро д’Италија: Енрико Баталјин засили на влажната етапа за победа на четвртата етапа“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 7 мај 2013 (конс. 8 мај 2013).

Надворешни врски[уреди]