Енергетска политика на Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Иако Европската Унија носеше закони од областа на енергетската политика со години, и еволуираше од Европската заедница за јаглен и челик, концептот за задолжителна и сеопфатна европска енергетска политика беше одобрен на состанок на Европскиот совет на 27, октомври 2005 година во Лондон. Европската Унија моментално увезува 82% од нафтата и 57% од гасот, што ја прави водечка во светот по увозот на овие горива. Само 3% од ураниумот користен во нуклеарните реактори потекнува од Европа. Русија, Канада, Австралија и Нигерија се најголемите снабдувачи со нуклеарни суровини за ЕУ, со повеќе од 75% од вкупните потреби за 2007 година.

Предлози[уреди]

Можните принципи на енергетската политика за Европа беа елаборирани во нацртот на Комисијата за европска стратегија за одржлива, конкурентна и безбедна енергија од 8 март 2006 година. Како резултат на одлуката за развој на заедничка енергетска политика, првите предлози, “ Енергија за светот во промена „ беа издадени од Европската Комисија, по процесот на консултации, на 10 јануари 2007 година. Се смета дека тие ќе доведат до “пост-индустриска револуција„ или економија со ниски емисии на јаглерод во Европската Унија, како и конкурентен енергетски пазар, подобра безбедност на снабдувањето и подобри изгледи за вработувања. Иако предлозите беа усвоени од Европската Комисија, потребно е одобрување ѝ од Европскиот Парламент, но за нив беше дебатирано во Европскиот Совет од 8 до 9 март, 2007 година кога ѝ беа усвоени. Клучните предлози вклучуваат:

  • Намалување на емисијата на стакленички гасови од примарните извори на енергија до најмалку 20% до 2020 година (споредено со 1990 година). Стремеж кон меѓународен договор за приклучување на протоколот од Кјото насочен кон намалување на емисиите на стакленички гасови во развиените држави до 30%.
  • Намалување до 50% на емисиите на стакленички гасови од примарните извори на енергија, до 2050 година (споредено со 1990 година).
  • Минимална употреба на биогорива од 10% до 2020 година.
  • Одделување на активностите за снабдување и производство на енергетските компании од нивните дистрибутивни мрежи заради дополнително зголемување на пазарната конкурентност.
  • Подобрување на односите со соседните држави на ЕУ, во однос на енергијата, вклучувајќи ја Русија.
  • Развој на европски технолошки план за енергија за развој на технологии во областите кои вклучуваат обновлива енергија, штедење на енергија, згради со мала потрошувачка на енергија, фузија и фисија од четврта генерација, одржлив јаглен, и зафаќање и складирање на јаглерод.
  • Развој на партнерството помеѓу Африка и Европа, за да се пружи помош на Африка да направи скок до технологиите со ниска емисија на јаглерод и развој на континентот како одржлив енергетски снабдувач.

Многу од предлозите се направени за ограничување на глобалните климатски промени на 2°C над пред-индустриските нивоа, од кои 0.8 °C се веќе случени, а се очекуваат дополнителни 0.5-0.7 °C. Како горна граница за избегнување на “опасното глобално затоплување „ се смета 2°C .

Напредок во одобрувањето[уреди]

На 14 февруари, 2007 година, Европскиот Парламент усвои необврзувачка резолуција во која се бараше да се промени клучниот предлог за намалување на емисиите на јаглерод за 20% во 25%. На состанок на Европскиот совет беа дебатирани и одобрени предлозите, вклучувајќи ги првично предложените намалувања на емисиите на јаглерод за 20%.

Тековни политики[уреди]

СЕТ план

ФП7 програмата добива само одредено финансирање секоја година за истражување во областа на енергијата, иако енергијата во последно време е еден од клучните предизвици на Европската Унија. Голем дел од финансирањето на ФП7 програмата е насочено кон истражување на фузијата, технологија која нема да може да помогне во остварувањето на европските климатски и енергетски цели пред 2050 година. Европската Комисија се обиде да го поправи овој недостаток со СЕТ Планот. Проектната група за спроведување на Стратешки технолошки план за енергија (СЕТ план) ја постави агендата за европска технолошка политика за енергија, на 26 Јуни 2008 години. Тој ќе ја подобри координацијата помеѓу националните и европските напори за истражување и иновација за позиционирање на ЕУ на врвот на европските пазари за технологии со ниски емисии на јаглерод.

Иницијативите на СЕТ планот:

Европска иницијатива за ветер Се фокусира на големи ветерни турбини и валидација и демонстрација на големи системи (важни за примена на копно и на вода).

Види Исто: Европска технолошка платформа за ветерна енергија

Европската иницијатива за соларна енергија се фокусира на сеопфатна демонстрација на фотоволтации и концентрирана соларна енергија.

Европската иницијатива за био-енергија Се фокусира на следната генерација на биогорива во контекстот на стратегијата за целосно искористување на био-енергијата.

Види Исто: Европска технолошка платформа за био-енергија

Европска иницијатива за зафаќање, транспорт и складирање на CO2 Се фокусира на целосните системски побарувања, вклучувајќи ја ефикасноста, безбедноста и јавното прифаќање, за докажување на одржливоста на електрани кои ќе работат со фосилни горива без емисија на CO2, на индустриско ниво.

Европска иницијатива за електрична мрежа Се фокусира на развој на “паметен„ електричен систем, вклучително со складирање и на создавање на европски центар за спроведување на програмата за истражување на европската мрежа за снабдување со електрична енергија. :Види Исто: Европска технолошка платформа за снабдување со електрична енергија во иднината

Иницијатива за одржлива нуклеарна фисија Се фокусира на развојот на технологијата за нуклеарни реактори од четврта генерација.

Во есента 2008 година, беше одреден буџетот за СЕТ планот. Меѓународната агенција за енергија покажа загриженост дека технологиите за контрола на побарувачката не се појавуваат кај сите приоритетни области на СЕТ.

ЕАИЕ[уреди]

Европската алијанса за истражување на енергијата[1], е основана од водечките истражувачки институции во Европската Унија, со цел проширување и оптимализација на способноста на европските институции за истражување на енергијата преку заедничкото користење на установи од светски ранг и заедничкото остварување на националните и европските програми. Оваа нова истражувачка алијанса ќе биде клучен фактор на Стратешкиот технолошки план за енергија (СЕТ) и ќе и ќе придонесе во развојот на нови технологии со ниски емисии на јаглерод за ЕУ намера да се продолжи кон почиста економија.

Извори на енергија[уреди]

Табела за ефикасност на домашната енергија
Пример за етикета за користењето на енергија на машина за перење во ЕУ; слични се користат за згради и возила
Пропорција на користење на гориво, предложена во забелешка во склопот на Директивата за Внатрешен пазар на електрична енергија[2]
Европска технолошка платформа за снабдување со електрична енергија во иднината[уреди]

Со побарувањата од Директивата за производство на енергија од обновливи извори, која стапи на сила ви октомври 2001 година, од државите членки се очекува да ги исполнат индикативните цели за производство на обновлива енергија. Иако постои значително варирање во националните цели, просекот е дека 22% од електричната енергија треба да се произведува од обновлива енергија до 2010 година (во споредба со 13,9% во 1997 година). Во насоките за обновлива енергија 21, Европската Комисија предложи обврзувачка цел за зголемување на нивото на обновлива енергија во ЕУ од севкупно 7% денеска до 20% во 2020 година.

Пазари на енергија[уреди]

ЕУ исто така промовираше либерализација на пазарот на електрична енергија и безбедност на снабдување преку Директивата за внатрешен пазар на електрична енергија од 2003 година, кој ги замени претходните директиви од таа област. Директивата 2003/54/ЕК беше заменете со директивата 2009/72/ЕК. Директивата за природен гас од 2004 година, беше наменета за подобрување на безбедност на снабдувањето во секторот на природниот гас.

Главна статија: Меѓународно партнерство на соработка за енергетска ефикасност

На самитот во Хилигендам одржан ви јуни 2007 година, Г8 го прифатија предлогот на ЕУ за меѓународна иницијатива за енергетска ефикасност изготвена во март 2007 година, и се согласија за истражување заедно со Меѓународната агенција за енергија, за најефикасни средства за унапредување на меѓународната енергетска ефикасност. Една година подоцна, на 8 јуни 2008 година, Г8 земјите, Кина, Индија, Јужна Кореја и Европската Заедница одлучија да основаат Меѓународно партнерство за соработка за енергетска ефикасност, на состанокот на министрите одговорни за оваа област одржан во Аомори, Јапонија во рамките на претседателство на Г8 од страна на истоимената земја во 2008 година.

Згради[уреди]

Зградите сочинуваат околу 40% од европските барања за енергетска ефикасност, и биле во фокусот на неколку иницијативи. Директивата за енергетска ефикасност на згради од 2002 година, бара од земјите членки да обезбедат исполнување на минималните барања, во однос на новите градби, како и големи градби кои се реновираат, почнувајќи од 4-ти, јануари 2006 година. Исто така бара, сите градби да добијат “енергетски сертификат„ пред нивната продажба, и да биде спроведувана редовна инспекција на бојлерите и клима уредите. Како дел од европската САВЕ[3] програма, насочена кон унапредувањето на енергетската ефикасност и охрабрување на штедењето на енергија, Директивата за ефикасност на бојлери, одредува минимални нивоа за ефикасност на бојлери загревани со течни и гасовити горива.

Транспорт[уреди]

Емисиите на јаглерод диоксид од сообраќајот се покачени нагло во последните години, од 21% во 1990 година до 28% во 2004 година. Европските политики го вклучуваат АЦЕА[4] договорот, потпишан во 1998 година, за намалување на проблемот со емисиите на јаглерод диоксид кај новите возила продадени во Европа, до просек од 140 гр. на CO2 /км до 2008 година, што е намалување за 25% од нивоата во 1995 година. Бидејќи беше тешко да се исполни целта, Европската комисија објави нови предлози во февруари 2007 година, во кои се бараше задолжителна горна граница од 130 гр. на CO2 /км за новите возила до 2012 година, со “комплементарни„ мерки, предложени за достигнување на целта од 120 гр. на CO2 /км, што беше и првично очекувано. Во областа на горивата, Директивата за биогорива од 2001 година бара замена на 5,75% од сите транспортни фосилни горива (бензин и дизел) со биогорива до 31 декември, 2010 година, а во просек 2% до 2005 година. Во февруари 2007 година, Европската Kомисија предложи, намалување на емисиите на јаглерод по единица енергија за 1% од нивоата измерени во 2010 година за да може да се достигне намалување од 10% до 2020 година. “Построги стандарди на горивата за борба против климатските промени и намалување на загадувањето„- издание на печатот на ЕК.

Индустрија[уреди]

Во 2005 година беше воведена, шема за трговија со емисии на Европската Унија, под Директивата за трговија со емисии од 2003 година, со која са создава државна заштита од емисиите на стакленички гасови од електричните централи, и други големи собирни точки.

Потрошувачки добра[уреди]

Областа на потрошувачките добра е дополнителна област во енергетските политики на ЕУ. Во оваа област беа воведени етикети за енергетската ефикасност на производот се цел да се охрабрат потрошувачите во купувањето на по енергетско ефикасни производи.

Надворешни односи за енергија[уреди]
Главна статија: Русија во европскиот енергетски сектор
Многу земји членки на ЕУ увезуваат нафта и гас од Русија.

Надвор од границите на Европската Унија, политиката на ЕУ опфаќа преговори и развој на пошироки меѓународни договори, како: Повелбата за енергија, Кјото протоколот, режимот после Кјото, рамковниот договор за енергетска ефикасност. Ова претставува проширување на енергетската регулаторна рамка на ЕК или на принципите кон соседите (енергетска заедница, Баку иницијатива, Еуромед соработка за енергија) и шемата за трговија со емисии на глобалните партнери, унапредувањето на истражувањето и користењето на обновлива енергија.

Енергетската соработка меѓу ЕУ и Русија ќе биде заснована врз нов сеопфатен рамковен договор во склоп на Договорот за партнерство и соработка (ДПС), за кој се преговараше во 2007 година. Енергетската соработка со трета производител на енергија и транзитните земји е олеснат со различни средства, како Договорот за партнерство и соработка, постоечките меморандуми на разбирање во областа на енергетската соработка (со Украина, Азербејџан, Казахстан и Алжир), договорите за асоцијација со медитеранските земји, Акцискиот план за европска соседска политика, Еуромед енергетската соработка, Баку иницијативата и енергетскиот дијалог меѓу ЕУ и Норвешка.. За соработка со африканските земји, треба да се воспостави енергетско партнерство меѓу Европа и Африка на највисоко ниво, преку интеграција на европските енергетски и развојни политики.

На почетокот на 2007 година беше поставена мрежа на енергетски коресподенти во земјите членки на ЕУ, заради осигурување на доследност во следењето на иницијативите и процесите, споделувањето на информации во случај на надворешна енергетска криза и за поддршка на вонредниот одговор на ЕУ во случај на енергетска опасност. По гасната криза меѓу Русија и Украина во 2009 година , ЕУ одлучи дека е потребно дополнување на постоечките надворешни мерки во однос на безбедноста на снабдувањето со гас со внатрешни одредби за спречување и одговор на вонредна состојба, како зголемувањето на капацитетот за складирање на гас и на капацитетот на мрежата или развојот на техничките барања за обратен тек во транзитните гасоводи.

Истражување и развој[уреди]

Европската Унија е исто така активна во областите на енергетско истражување, развој и унапредување преку иницијативи како ЦЕПХЕУС[5] (куќи со ултра ниска потрошувачка на енергија), и програми со насловите САВЕ[6] (штедење на енергија) АЛТЕНЕР[7] (извори за нова и обновлива енергија), СТЕЕР[8] (транспорт) и КООРЕНЕР[9] (земји во развој). Преку “Фузија за енергија„, ЕУ учествува во ИТЕР[10] проектот.

Јавно мислење[уреди]

Во анкета спроведена од Европската комисија, во октомври и ноември 2005 година, 47% од испитаниците од 27 земји членки на ЕУ и двете земји кои се приклучија во 2007 година, се согласуваат за донесување на клучните одлуки за енергетската политика на европско ниво. 37% беа за национални одлуки и 8% за локално донесување на одлуки. Слично истражување спроведено во март и мај 2006 година, во кое учествувале 29 220 испитаници, покажува дека балансот е сменет во прилог на националното одлучување (42%) во споредба со европското (37%) и локалното (12%). Постоеше значително национално варирање, со 55% во Холандија, но само 15% во Финска.

Сеопфатно истражување на јавното мислење беше спроведено во мај и јуни 2006 година. Авторите ги донесоа следниве заклучоци:

  • Енергетските предизвици се сметаат за важни, но не на прв поглед.
  • Граѓаните на ЕУ се свесни за големите идни ветувања за користењето на обновливите енергии. Покрај мнозинството на противници, нуклеарната енергија е застапена во планираните извори на енергија.
  • Граѓаните покажуваат поголема наклонетост кон промената на енергетската структура, подобрувањето на истражувањето и развојот и гарантирањето на стабилноста на енергетското поле, отколку штедењето на енергија за достигнување на предизвиците.
  • Можните идни последици од енергетските предизвици не создаваат страв кај Европејците.
  • Европските граѓани се целосно запознаени со енергетските предизвици, иако нивното знаење не е дефинирано.
  • Енергетските предизвици допираат до секого и поради тоа беше тешко е да се одвојат групи со различни сфаќања. Сепак, постои груба разлика помеѓу групи на граѓани.


Земји членки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Во медиумите[уреди]

Наводи[уреди]

  1. EERA, The European Energy Research Alliance
  2. Note of DG Energy & Transport on Directives 2003/54 and 2003/55 on the internal market in electricity and natural gas
  3. SAVE
  4. ACEA
  5. CEPHEUS
  6. SAVE
  7. ALTENER
  8. STEER
  9. COORPENER
  10. ITER