Енеолит

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Трипериоден систем
Холоцен Железно доба Протоисторија
Доцно бронзено доба  
Средно бронзено доба
Рано бронзено доба
Бронзено доба
Бакарно доба (енеолит)    
Младо камено доба (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено доба

Енеолитот, или Бакарното доба го опфаќа периодот од 4.500 - 2000 год. пред н.е.

Првите сознанија за овој период, археолошките ископувања и истражувања во Република Македонија, биле извршени пред повеќе од педесетина години. Тогаш за прв пат е констатирана енеолитската населба на Скопското Кале, неколкуте во Пелагонија, како: Шуплевец, Бакарно Гумно, Црнобуки, Висок Рид, Горни Висои, Крушеанска Чука, Тумба-Карамани. Во охридско-преспанскиот регион се регистрирани две населби: Устие на Дрим и "Црквени Ливади". Во поново време во кумановско, констатирана е енеолитска населба на Костоперска Карпа, "Жеглиговски Камен", во скопско "Врањак", во делчевско "Градиште" кај с. Град, а во кочанско "Пилаво".

Археолозите се согласни регионалната културна група во Македонија да ја наречат Шуплевец-Бакарно Гумно, која што хронолошки се вклопува во пошироки територијални рамки, во културниот комплекс Бубањ-Салкуца-Криводол.

Од сите наведени локалитети презентирани се 160 експонати движен археолошки материјал во салите на Музејот на Македонија. Тоа се разновидни керамички садови, алатки изработени од бакар, коска, камен, кремен, глинени тегови и прешлени, амајлии, накит од школки, зооморфни и антропоморфни фигурини, пинтадери и друго. Документацијата и преостанатиот материјал се чуваат во Музејот.

За енеолитот во Македонија објавени се повеќе статии во наши и странски стручни списанија, а основните податоци може да се добијат од Археолошката карта на Македонија бр. 1 и бр. 2.


[уреди] Надворешни линкови

Лични алатки