Ендокрина жлезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ендокрини жлезди
Податоци
Назнаки
Латинскиglandulae endocrinae
КодTH H2.00.02.0.03072
TAA11.0.00.000
THH2.00.02.0.03072
FMAFMA:9602

Еднокрините жлезди (латински: glandulae sine ductibus) создаваат хемиски материи кои му се потребни на организмот за правилно да расте и да ги извршува функциите. Хемиските материи кои ги создаваат овие жлезди (на пр. хипофизата и штитната жлезда) се нарекуваат хормони и влегуваат во крвотокот. Мали количини силно влијаат на органските системи. Тие можат да бидат претставени со осамени клетки, клеточни отровчиња или пак задружени клетки да формираат органи. Меѓу клетките обично се наоѓаат брајни синусоидно проширени капилари коишто обезбедуваат богата исхрана и полесно уфрлање на хормоните во крвта. Жлезди со внатрешна секреција (glanduae sine ductibus) се: хипофиза, епифиза, штитна жлезда, параштитна жлезда, градна жлезда, надбубрежна жлезда, и полова жлезда.
Регулацијата на функциите во организмоте под контрола на два система: нервен систем и хормонален (ендокринен) систем. Нервниот и ендокриниот систем формираат едиствен нервно - ендокринен регуларен систем, во кој нервниот систем има доминантна улога. Името хормон има грчко потекло, а значи дразнам, поттикнувам. Во физиологијата го има воведено англискиот физиолог Старлинг. Денешните сознанија укажуваат дека има и такви хормони кои дејствуваат и спротивно, сопирајќи или забавувајќи некоја функција.
Хормоните претставуваат биолошки високо активни материи, со конкретно дејствување врз диференцирани клетки и ткива во организмот.

Хемиска структура на хормоните[уреди | уреди извор]

Хормоните според местото на дејството[уреди | уреди извор]

  • хормони со локално дејство;
  • хормони со општо дејство;
Органи хормони функција
Желудник Гастрин Стимулира создавање на желудочен сок
Тенко црево Панкреозимин, холецистокинин, ентерогастрин, секретин Инхибиција (задржува) желудачна секреција
Бубрези Ренин; Еритропоетин; Леукопоетини - Задржува повеќе течност во бубрезите; стимулира еритропоеза при хипооксија; стимулира леукопоеза при инфекции
Срце ANP (атриален) натриум - уричен пептид Стимулира излачување натриум во урина и го намалува крвниот притисок
Плацента Хорионски гонадотропин Влиае на матката и млечните жлезди
Гастринит, секретин, холецистокининот Стимулираат создавање на жолчка во хепатоцитите

Во хормони со локално дејство се: ткивните хормони гастрин, ацетил холин, секретин, ренин, холецистокинин, панкреазимин, ентерогастрин, леукопластин и др.
Во хормони со општо дејство се: хормоните за раст и развој, оние хормони кои кои го регулираат метаболизмот (хормоните на штитната жлезда, TSH - соматотропен ослободувачки хормон, панкреас и др.).
Во хормони со конкретно дејство се: тиреотропен хормон (TSH), делува на штитната жлезда, антидиуретичен хормон (ADH), дејствува на завршниот дел на тибулите во бубрегот, и дејствува на строго одредени клетки и ткива.

Основни дејства на хормоните[уреди | уреди извор]

Хормоните во организмот земаат учество во регулацијата на голем број процеси одговорни за одржување на постојаноста на внатрешната средина. Тоа се постигнува преку регулацијата на метаболитичките реакции на јаглехидратите, мастите, белковините, електролитите и водата.
Хормоните земаат учество во процесите на растење, полово созревање, размножување и трофичните промени во организмот.
Некои од активностите на централниот нервен систем зависат од активноста на хормоните. Сите овие функции хормоните ги остваруваат преку многу сложени механизми за дејствување: дејствување преку ДНК во клеточното јадро, преку создавање на 3 - 5 цикличен аденозин моносфат (цикличен AMF), преку зголемувањето на пермеабилноста на клеточните мембрани и посредно преку т.н. повратни врски со реакцијата со супстратот.

Еднокрини жлезди[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Болести на штитната жлезда хипотироизам[мртва врска]

Рак на штитна жлезда Архивирано на 5 март 2016 г.