Енгус Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енгус Јанг
На концерт - Келн, Германија 2001
На концерт - Келн, Германија 2001
Основни податоци
Роден(а) 3 март 1955
Шкотска Глазгов, Шкотска
Потекло Глазгов, Велика Британија
Жанр(ови) Рокенрол, Хард рок, Хеви метал, Блус рок
Занимање/ња гитарист, текстописец, продуцент
Инструмент(и) Гитара
Години активност 1973 - до сега
Прод. куќа/ќи EMI, Epic, Atlantic, Albert
Сродни групи AC/DC
Веб-место acdc.com
Значаен/јни инструмент(и)
Gibson SG)

Енгус МакКинон Јанг (роден на 31 март 1955) е главен гитарист, песнописец и еден од основачите на Австалиската хард рок група AC/DC. Тој е познат по своите диви, енергични настапи на сецената и својата школска униформа со која настапува. Тој е рангиран на 96-то место на Роулинг Стоуновата листа на „100 Најдобри Гитаристи на Сите Времиња“.

Биографија[уреди]

Енгус Јанг е роден во Шкотска, како едно од седумте деца на Вилијам и Маргарет Јанг. Во 1963 година заедно со фамилијата се преселуваат во Австралија каде на 15 годишна возраст завршува со школување. Под влијание на неговиот брат се развива во него желбата за музика. Сѐ започна кога неговата мајка за Божиќ им купи акустични гитари нему и на неговиот постар брат Малколм. Енгус се посвети на гитарата и напорно вежбаше, свирејќи познати хитови на легендите како Чак Бери, Елвис Присли и Роберт Џонсон. Поканет од неговиот брат Малколм да му се придружи на новоформираната група, тој се согласува.

Ангус Јанг со Бон Скот, 1979

Хоби на Енгус му е цртање на пејзажи. Тој е голем противник на спортот и дрогата, единствено е пушач на цигари. За време на концерти тој го презентира својот „пајкин ôд“(„duck-walk“), преземен од Чак Бери(Chuck Berry). Огромно влијание врз неговиот начин на свирење имаа гитаристи како Чак Бери и Мади Вотерс. Тој е еден од пониските гитаристи, висок е само 157 сантиметри.

Иако е сметан за еден од најдобрите гитаристи во светот , тој признава дека неговиот брат Малколм е подобар. Во еден од разговорите со него тој вели дека не видел посилна десна рака од Малколмовата.

Опрема[уреди]

Енгус Јанг користи две „Гибсон СГ Стандард“(Gibson SG) гитари, едната е од 1964, а другата од 1968 година. Марката на жиците кои ги користи се „Ерни“(Ernie Ball RPS Power Slinky 9 - 42 ). Појачалото му е марка „Маршал“(Marshall JMP 100Watt Master Volume Head) и звучниците „Marshall 1960A Slant Cabinet / 4x12, Marshall 1960B Straight Cabinet / 4x12“.

Надворешни врски[уреди]