Емоционална интелегенција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сите барем еднаш сме сретнале личност која не изненадила со нељубезно или заповедно однесување или со своите песимистички ставови. Можеби и самите себе би се окарактеризирале како таква личност.? Емоционалната интелегенција е нов поим во психологијата. Општо емоционалната интелегенција може да се дефинира како способност за запознавање и управување со емоциите, како со сопствените, така и со туѓите. Освен тоа емоционалната интелегенција подразбира самомотивирање, насочување на емоциите, препознавање и разбирање на емоциите на другите и способност односно вештина за одржување на меѓучовечки односи. Грчкиот философ Аристотел изнел мисла која може да ја појасни дефиницијата за емоционална интелегенција: “Секој може да се налути –тоа е лесно. Но да и се налутите на вистинската личност, до вистински степен, во прав момент, поради вистинска причина и на вистински начин –тоа не е лесно”. Кога би ја следеле мислата на Аристотел и кога тоа би ни било лесно, може да се каже дека имаме висок степен на емоционална интелегенција. Поимот емоционална интелегенција во голем дел се совпаѓа со поимот социјална интелегенција која означува способност за разбирање и решавање на ситуациите и проблемите кои вклучуваат меѓучовечки односи.


Поврзаност на емоционалната и когнитивната интелегенција[уреди]

Интелегенцијата за која се зборува често, иако неоправдано, придава многу повеќе важност на нашата бистрина и интелектуална способност. Таа интелегенција се нарекува когнитивна, техничка, работна, ладна и др. Додека оваа интелегенција се стекнува со раѓање и во текот на животот останува непроменета, емоционалната интелегенција во еден дел ја наследуваме со гените, но поголемиот дел се учи. Учењето започнува од раното детство, во родителскиот дом, преку влијание на разни воспитно-образовни установи, како и пошироки социјални заедници. Психолозите се согласуваат дека за успех во животот неопходна е когнитивна интелегенција, како и некои други особини на личноста кои ја прават емоционалната интелегенција. Споредувајќи ги достигнувањата на луѓе со ист коефициент на когнитивна интелегенција, се покажало дека се значајно поуспешни оние поединци кои имаат развиена емоционална интелегенција. Емоционалната интелегенција не е спротивна туку само различна, комплементарна способност во однос на когнитивната интелегенција. Често сме сведоци на исклучително паметни, интелегентни луѓе кои немаат некој особен успех во животот. Личности со многу висок коефициент на интелегенција може лошо да управуваат со својот живот и да донесуваат погрешни одлуки. Особини на луѓе со висок степен на емоционалната интелегенција

Лица со висок коефициент на емоционална интелегенција особено јасно и без страв зборуваат за своите чувства, не дозволувајќи да ги преплават негативни емоции (тага, лутина, страв, срам, вина, беспомошност, зависност од други луѓе) и да владеат со нив, заинтересирани се за чувствата на другите, ја разбираат и невербалната комуникација, неуспехот не им претставува препрека да продолжат понатаму и да почнат одново, не се мотивирани од материјални работи , односно работат првенствено заради сопствен успех, а не поради пари. Емотивно интелегентните луѓе нема да биде лесно да се збунат.Тие ретко се жалат за нивните одлуки или дејства, и е многу добро се справуваат со стресот. Тие ги прифаќаат предизвиците и ѕмеат да се справат со нив и под притисок, имаат голема доверба и знаат да ја признаат нивната вредност. Обично се поздрави и повеќе задоволни со животот.

Особини на луѓе со низок степен на емоционалната интелегенција[уреди]

Лица со низок коефициент на емоционална интелегенција обично не преземаат одговорност за сопствените чувства, туку вината ја префрлаат на други (“Ти си виновен затоа што сум тажна”, “Ти си причина за мојата неволја”), ретко се во состојба да кажат зошто се чувствуваат онака како што се чувствуваат , склони се кон критикување и наредување. Таквите личности не зборуваат за сопствените чувства, склони се кон потиснување на емоциите, што по одредено време може да резултира со бес, бурна реакција за ситници, избегнуваат емоционална блискост, не водат сметка за чувствата на другите луѓе, несигурни се, тешко признаваат грешки, ретко се извинуваат, склони се кон деструктивни мисли кои доведуваат до развој на негативна и незгодна емоционална состојба, не прифаќаат одговорност за сопствените постапки. Тие личности се склони кон тоа да се прикажуваат како вечни жртви, претерано се песимисти или оптимисти, склони се кон откажување на првата препрека, ригидни се и крути.

Како да се зголеми емоционална интелигенција?

1 - Научете како да ги препознаете чувствата. Секогаш појаснете си ги сопствените чувства. Често запрашувајте се "како се чувствувам?", А ако чувствуваат мноштво различни емоции обидете се да ги рзграни~ите. Но, никогаш не претерувајте и никогас не ги минимализирајте своите чувства.

2 – Превземете одговорностза своите чувства Никогаш не барајте вина во другите за она што го чувствувате и постојано да се прикажѕвате себеси како жртва . Препознајте ги сопствените емоции и обидете се да сватите реално зошто навистина тоа го ~увствувате.

3 – Предвидете ги вашите чувства Научете ги вашите на~ини на реагиранје во одредени ситуации и избегнувајте да правите работи што се инспирирани од негативни чувства.

4 – Прашувајте ги другите како се чувствуваат Вие не можете да знаете како некој се чувствува ако не го прашате, освен ако имате исклучително развиена емпатија. Во секој случај морате најпрво да ги разберете емоциите на соговорникот за д аби можеле да соќувствувате со нив. Слушај го соговорникот внимателно и без предрасуди.

5 - Бидете помалку чувствителни Ако некој каже нешто со кое не се согласувате, немојте веднаш да го нападнете затоа што тие реакции само покажуваат како неможете да се справите со критика. Наместо тоа заблагодарете се на искреноста и извлечете ја позитивната порака.

6 – При решавање на проблемите, размислувајте длабински и согледајте го проблемот од сите аспекти Кога ќе се случи нешто лошо и мислите дека целиот свет ви се урнал размислете за тоа колку вашиот проблем е навистина сериозен. Колкава ва`ност ке има за 10 години? Десет месеци? Десет недели? Десет минути? Мерење на емоционалната интелигенција За разлика од IQ и EQ е тешко да се измери. Сепак, истражувачите се развија неколку начини на мерење,а најпознате е оној на израелскиот психолог Reuven Bar-On.

Тој ги дефинира следните критериуми: Интраперсонална скала – показува како ~овекот се гледа себеси дека и колку е тој способен да идентивикува разли~ни емоции во исто време. Оваа категорија исто така ја мери самодовербата, независноста и самосвесноста на ли~носта. Интраперсонална скала – Се однесува на односите на ли~носта кон други луѓе во однос на две најважни работи:

1. Емпатија – способност на ли~носта да ги препознае и дошивее туѓите емоции

2. Друштвена одговорност – свест за делување на личноста во наскока на отстварување општо добро.

Интерперсонални односи – Ја мерат способноста на ли~носта да создаде ида засржи обострано задоволство во односите со другите, со голема доза на интимност и искреност, разбирање на туѓите проблеми, потоа толеранција, флексибилност. Скала која се однесува на стресното дозивување и реагирање – Покажува колку е некоја личност способна за снаоѓање во стресни ситуации и контролирање на импулсивни реакции. Скала на расположение – Емоционално интелигентните луге се посреќни и со пооптимистицки поглед кон зивотот, бидејќи добро се справуваат со негативните чувства.

Важна улога во секојдневниот живот[уреди]

Емоционалната интелегенција, односно, поинаку кажано, социјалната интелегенција, има огромна улога во животот на секој човек. Таа придонесува до задоволство во животот, дава можност за лесно и успешно соработување со другите луѓе и создавање на богати и квалитетни социјални мрежи. Емоционалната интелегенција овозможува изразување на потребите на другите луѓе, а ни овозможува и на нас самите полесно да се носиме со конфликтните ситуации без преголем стрес и нарушување на хомеостазата на организмот. Емпатијата, како еден вид емоционална интелегенција која подразбира способност за препознавање на туѓите емоции, допринесува кон успех на работа, но и во животот општо. За жал кај нас луѓето се уште немаат навика да одат на психолог или психијатар за да работат на сопствениот раст и развој кој секако подразбира и работа на емоционална интелегенција. Со развивање на одредени комуникациски вештини, учење на соочување со проблемите, фрустрациите и стресот, развивање на самоиницијатива, учење на носење со емоциите кои произлегуваат од проблематични ситуации секако дека би допринеле за развој на квалитетен живот од кој би биле целосно задоволни.