Емотиконка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Емотиконка (англиски: emoticon) — ликовен и графички приказ на човечкото лице со кој се изразуваат чувствата. Најпозната емотиконка е смешкото, (англиски: smiley) [ :)], симбол на насмевка и среќа.

Историја[уреди | уреди извор]

Американскиот ликовен уметник и сопственик на рекламна агенција Харви Бол го осмислил смајлито во 1963 година при спојување на едно осигурително претпријатие со помала фирма, сè со цел да се орасположат вработените кои биле вознемирени од здружувањето.[1]

Обичниот смешко е типографски знак кој се прави со помош на две точки и заграда [ :)], често со додавање на цртичка [ :-)]. Тоа се прости емотиконки. Сложените содржат и други елементи. Во уникодот постојат и посебни ознаки за смешко -{#263A}-.

Емотиконките на „Пак“ — среќа, меланхолија, рамнодушност и зачуденост

Најстарата забележена употреба на емотиконка било во 1881 година во американскиот сатиричен магазин „Пак“ (-{Puck}-). Тоа биле графеми сложени од правописните знаци со кои се изразувало смеа, изненадување, разочарување, лутина. Изнесена е како шеговита досетка.[2]

Едноставните знаци или симболи кои изразуваат чувства и психички состојби се користат во писмената комуникација, во случаи кога се сака истите да се пренесат на едноставен и лесно разбирлив начин. Смешковците се посебно популарни во комуникацијата преку интернет, каде и најчесто се користат. На форумите се користат за да ги ублажат потенцијално навредливите коментари.

Приказ[уреди | уреди извор]

Иако емотиконките се познати уште од порано, препознатливите знаци сложени од линеарно наредени правописни знаци ги утврдил Скот Фалман, американски информатичар, на 19 септември 1982 година. Тој на универзитетот Карнеџи мелон во Питсбург ја предложил редовната употреба на овие знаци, што набрзо е прифатено.[3] Во продолжение е дадена првата употреба на смајлито (на англиски), како и слободен превод на пораката за оние кои не го познаваат англискиот јазик.

19-Sep-82 11:44 Scott E Fahlman :-)
From: <Scott E Fahlman Fahlman at Cmu-20c>

I propose that the following character sequence for joke markers:

:-)

Read it sideways. Actually, it is probably more economical to mark
things that are NOT jokes, given current trends. For this, use

:-(
19. септ. ’82. 11:44 Скот Е. Фалман :-)
Од: <Scott E Fahlman Fahlman at Cmu-20c>

Ја предлагам следната секвенца на карактери за означување на шега:

:-)

Прочитајте ја отстрана. Всушност, веројатно е поекономично да се обележуваат работите 
кои НЕ се шеги, со оглед на тековната состојба. За ова, користете

:-(

Галерија[уреди | уреди извор]

Едноставните смешковци обично се вакви.

Типографски смешко Објаснување
:-) обичен насмеан со нос
:-( обичен тажен со нос
:) обичен насмеан без нос
:( обичен тажен (лутко)

Ликовно претставените емотиконки можат да бидат вакви.

Смешко Објаснување Примери на пишување
едноставен смешко :) (: :] [: =) (= :-) (-:
збунета емотиконка :S S: :/ :\ /: o_O O_O o.O O.O
едноставен лутко :( ): :[ ]: :'( )':
шокирана емотиконка :O O: :o o:
подбивна емотиконка :P q: :p
со голема насмевка :D :]] [[:
илустрација на бакнеж :*

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „H. R. Ball, 79, Ad Executive Credited With Smiley Face“. NY Times. Посетено на 7 март 2013.
  2. „Emoticons reach their 30th birthday“. MSN Tech. Архивирано од изворникот на 2012-09-23. Посетено на 7 март 2013.
  3. „Smiley Lore :-)“. Scott E. Fahlman. Посетено на 7 март 2013.