Еми (награда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Еми (награди))
Еми награда

Наградите „Еми“ се американски телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите.

Три поврзани, но различни организации доделуваат наградите:

  • „Академијата на телевизиски награди и науки“ ги наградува забавните програми кои одат во ударен термин со исклучок на спортот;
  • „Националната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува дневните, спортските и документарните емисии, вклучувајќи ги и информативните програми, односно вестите;
  • „Меѓународната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува емисиите направени во земји надвор од Соединетите Американски Држави.

Најпознати меѓу наградите „Еми“ се За ударни термини (Primetime Emmy Awards) како и Дневни награди (Daytime Emmy Awards).

Историја на наградите[уреди | уреди извор]

Првите манифестација по повод доделувањето на наградите „Еми“ се одржува во Hollywood Athletic Clubs на 25 јануари 1949 година. Името „Еми“ е феминизација на името „Еми“, прекарот искористен да ги опише раните телевизиски катодни цевки. Ширли Динсдејл е добитник на првата награда „Еми“ на првата церемонија. Кипот за наградата Еми изгледа како жена со крилја која држи атом, што со време се претвори во симбол на стремежот на телевизиската академија да ја воздигне уметноста и во свои рамки. Кипот е изграден од инженерот Луис Мек Манус.

Видови награди[уреди | уреди извор]

Награди за ударни термини[уреди | уреди извор]

Се доделуваат на американски телевизиски програми што одат во ударен термин. Церемониите во главно се одржуваат во средината на јуни и се емитуваат на каналите ABC, CBS, NBC и Fox.

Дневни награди[уреди | уреди извор]

Претставуваат награди што се доделуваат на секојдневните американски телевизиски сапуници, ток шоуа, квизови и детски емисии. Првата Дневна награда е доделена во 1972 година.

Спортски награди[уреди | уреди извор]

Претставуваат награди кои се доделуваат на американските спортски телевизиски емисии. Церемонијата се одржува секоја пролет, најчесто последните две недели од април или првата недела од мај.

Техничко-инженерски награди[уреди | уреди извор]

Претставуваат награди кои се доделуваат на поединци, претпријатија или научни установи кои помогнале во развојот на телевизиската техника и технологија.

Регионални награди[уреди | уреди извор]

Претставуваат локални награди кои се доделуваат на регионалните американски телевизиски простори. Овие награди се помалку гламурозни.

Меѓународни награди[уреди | уреди извор]

Претставуваат награди кои се доделуваат на најдобрите телевизиски програми во САД. Секоја програма која е номинирана се емитира на фестивалот во Њујорк еден ден пред доделувањето на наградите.

Останати награди[уреди | уреди извор]

  • Државни телевизиски вести и документарни емисии
  • Деловни и финансиски извештаи
  • Јавни служби
  • Хуманитарна награда „Боб Хоуп“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]