Ел Арби Хилел Судани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алжир Ел Арби Хилел Судани
Лични податоци
Роден на 25 ноември 1987(1987-11-25)(36 г.)
Роден во Шлеф, Алжир
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Загреб Динамо Загреб
Број 2
Агент Хрватска Данко Дикиќ
Младинска кариера
АСО Шлеф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2011 АСО Шлеф 108 (48)
2011-2013 Гимараеш 37 (13)
2013- Динамо Загреб 30 (16)
Репрезентација
2011-  Алжир 20 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 јануари 2012

Ел Арби Хилел Судани (роден на 25 ноември 1987 во Шлеф) — алжирски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за хрватскиот Динамо Загреб и репрезентацијата на Алжир.

Кариера[уреди | уреди извор]

Судани ја започнал својата кариера во младинскиот тим на екипата АСО Шлеф, за која го направил своето сениорско деби во 2006 година. Во својата последна година во клубот го освоил Алжирското првенство, пред да се пресели во португалската екипа, Виторија Гимараеш. Играјќи за Гимараеш тој му помогнал на својот клуб да дојде до првата титула во историјата на клубот во Купот на Португалија, постигнувајќи го израмнувачкиот гол во финалето против Бенфика играно на 26 мај 2013. Две минути подоцна Рикардо го постигнал победничкиот гол за Виторија.

На 27 мај 2013, Судани потпишал за Динамо Загреб за нешто помалку од 1.000.000 €.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Алжир АСО Шлеф

  • Алжирско првенство (1) : 2010-11.

Португалија Виторија Гимараеш

  • Португалски куп (1) : 2013.

Хрватска Динамо Загреб

Надворешни врски[уреди | уреди извор]