Елстер (Елба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елстер (Елба)
Место во Цана-Елстер
Црквата во Елстер
Црквата во Елстер
Црквата во Елстер
Грб на Елстер (Елба)
Елстер (Елба) во рамките на Германија
Елстер (Елба)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Град Цана-Елстер
Основни податоци
Површина 21 км2
Надм. височина 77 м
Население 2.527  (31 декември 2009)
 - Густина 120 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06918
Повик. бр. 035383
Портал www.elster-elbe.de
Координати 51°49′46″N 12°49′29″E / 51.82944° СГШ; 12.82472° ИГД / 51.82944; 12.82472Координати: 51°49′46″N 12°49′29″E / 51.82944° СГШ; 12.82472° ИГД / 51.82944; 12.82472

Елстер (германски: Elster) — село и поранешна општина во Саксонија-Анхалт, Германија, кое се наоѓа во округот Витенберг. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Цана-Елстер. Од 2005 до 2011 припаѓал на заедницата на општини (Verwaltungsgemeinschaft) Елбауе-Флеминг, пред 2005 припаѓал на заедницата на општини Елстер-Сејда-Кледен.

Географија и сообраќај[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 15 километри источно од Витенберг и 10 километри западно од Јесен. Низ селото поминува сојузниот автопат (Bundesstraße) B 187 и железничката линија помеѓу Витенберг и Котбус.

Се наоѓа на устието на Шварце Елстер, која се влева во Елба. Меѓународната велосипедска патека Р2 поминува низ Елстер долж Елба. Фериботот сè уште се користи за поминување на реката. Сценски пејзажи се Elbauen, кои на големи плива се како природни полдери. Во текот на т.н. поплавите на Векот во 2006, овие природни полдери не биле доволно високи да ја одвратат водат, што довело голем дел од селото да биде поплавено.

Покрај тоа, во 2004, нова станица за бродови за крстарење е направена на Елба.

Историја[уреди | уреди извор]

Елстер првпат бил спомнат во 1187 под името Alstermunde. До почетокот на Втората светска војна, бил важна населба за рибарство и бродоградба. Сега, најмногу работни места има во земјоделството и малите бизниси за ракотворби.

Административни единици[уреди | уреди извор]

Елстер се состои од Изербегка, Гилсдорф, Мелтендорф и Елстер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]