Елимски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елимски јазик
Застапен во Сицилија
Изумрен 3 век п.н.е,?
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3 xly
Linguist xly

Елимскиот јазик е исчезнат јазик кој се зборувал од Елимците во Западна Сицилија. Денес не е познато дали јазикот бил индоевропски. Ограничениот број на преживеани пишани сведоци го отежнува идентификувањето на неговиот сооднос со останатите тогашни јазици во поширокиот регион. Едно од тврдењата е дека бил сроден со италските јазици, но ова не е сосема подржано.

Само мал број на елимски текстови денес преживеале. Овие вклучуваат топоними и лични имиња, неколку монети напишани на грчко писмо со имиња на елимски градови, и околу 170 фрагменти на керамика напишани со грчко писмо. Сите текстови датираат од 6 до 4 век п.н.е. Поголемиот дел се многу кратки со мал број на подолги текстови. Само на една вазна пронајдена во Палермо има поголема реченица на елимски која гласи "Јас [вазнатаt] сум [подарок] за/од Ата Тука".

Наводи[уреди]

  • Peter Schrijver, "Elymian", in Encyclopedia of the Languages of Europe, ed. Glanville Price. Blackwell Publishing, 2000. ISBN 0-631-22039-9

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик