Елизабет (ќерка на Едвард IV)
| Елизабет (ќерка на Едвард IV) | |
|---|---|
|
|
|
| Владеење од | 18 јануари 1486 – 11 февруари 1503 |
| Крунисување | 25 ноември 1487 |
| Сопруг | Хенри VII |
| Потомци | |
| Артур Маргарет Хенри VIII Елизабета Тјудор Мери Тјудор Едмунд Тјудор Едвард Тјудор Катерина Тјудор |
|
| Династија | Династија Јорк (по раѓање) Династија Тјудор (по брак) |
| Татко | Едвард IV |
| Мајка | Елизабета Вудвил |
| Раѓање | 11 февруари 1466 Вестминстерска палата |
| Смрт | 11 февруари 1503 (возраст: 37 г.) Ричмондска палата |
| Погреб | Вестминстерска катедрала |
Елизабет (11 февруари 1466 – 11 февруари 1503) била англиска кралица, ќерка на англискиот крал Едвард IV, сестра на Едвард V, роднина на Ричард III, сопруга на Хенри VII и мајка на Хенри VIII.
[уреди] Рани години
Елизабет била родена во Вестминстер, како прво дете на англискиот крал Едвард IV и неговата сопруга Елизабета Вудвил. Во 1475 година, и било понудено брак со францускиот престолонаследник, но истата понуда била одбиена од страна на францускиот крал Луј XI. По смртта на нејзиниот татко, на престолот се качил нејзиниот брат Едвард V. Но бидејќи не бил почнолетен, таа функција ја извршувал војводата од Глостер, Ричард, подоцна Ричард III. Ричард на младиот крал го однел во Лондонската кула, кралска резиденција каде монарсите живееле до моментот кога тие биле крунисувани. Во исто време, во Лондонската кула бил однесен братот Ричард. По нивното примамување, чичко им Ричард наредил двајцата браќа да бидат затворени во Лондонската кула, а му наредил на парламентот да бракот помеѓу Едвард IV и Елизабета Вудвил да го прогласи за незаконски, наводно поради кое што едвард бил оженет во времето кога стапил во брак со Елизабет. По ова, Ричард бил крунисан за нов крал на Англија, а двајцата млади принцови не биле видени повеќе никогаш.
Од друга страна пак, Елизабета исто така била цел на династичките конфликти. Во тоа време имало дискусии да Ричард се ожени за Елизабет веднаш откако неговата сопруга почине. Сепак, овој план не успеал. По ова, Елизабета била омажена за идниот Хенри VII.
[уреди] Брак
Хенри успеал да го симне од власт на Ричард III на 22 август 1485 година, станувајќи крал на Англија како Хенри VII. По оваа победа, тој не се брзал да се ожени за Елизабета, и покрај тоа што јавно го обеќал пред да ја зазеде престолнината. За крал на Англија бил прогласен на 30 август, а бракот со Елизабета бил склучен на 18 јануари 1486 година. Елизабета од своја страна пак не била прогласена за кралица до раѓањето нанејзиното прво дете, принцот Артур.
Од тој брак се родиле осум деца.
Таа починала во 1503 година.
- Родени на 11 февруари 1466
- Родени во февруари 1466
- Родени во 1466 година
- Починати на 11 февруари 1503
- Починати во февруари 1503
- Починати во 1503 година
- Сопружници на англиските владетели
- Вестминстерчани
- Наследници на англискиот трон
- Династија Јорк
- Тјудори
- Погреби во Вестминстерската катедрала
- Жени од Тјудорскиот период
- Англичани од 15 век
- Англичани од 16 век