Елизабета (француска принцеза)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елизабета
Принцеза од Франција
Madame Elisabeth.jpg
портрет од Елизабет Виже-Лебрен.
Полно име
Елизабета Филипина Марија Елена од Франција
Татко Луј, престолонаследник на Франција
Мајка Војвотка Марија Жозефа Саксонска
Роден(а) 3 мај 1764(1764-05-03)
Дворец Версај, Франција
Починал(а) 10 мај 1794(1794-05-10) (на 30 год.)
Париз, Франција
Почивалиште Гробишта Еранси, Париз, (отпрвин)

Париски катакомби (конечно)

Елизабета Француска, (со целосното име на француски: Élisabeth Philippine Marie Hélène de France;[1][2]) наречена Мадам Елизабет, родена во Версај, на 3 мај 1764 и погубена на гиљотина во Париз на 10 мај 1794, била сестра на кралевите Луј XVI, Луј XVIII и на Шарл X. За време на Теророт, морала да одговара пред Револуционерен суд и била осудена на смрт.

Детството[уреди]

Принцезата се родила на 3 мај 1764 во дворецот Версај, како последна ќерка на престолонаследникот Луј-Фердинанд и на неговата сопруга, Марија Жозефа Саксонска. Престолонаследникот следната година починал од туберкулоза а неговата жена починала две години подоцна. И двајцата не биле постари од 36 години а зад себе оставиле пет деца од кои најголемото, идниот крал Луј XVI, бил на 13-годишна возраст.

Сираче на 3 годишна возраст, Елизабета стекнала одлично образование, многу посолидно од нејзината идна снаа Марија Антоанета Австриска која била 9 години повозрасна од неа. Се восхитувала на уметноста, особено на цртањето и додека сé уште била дете, нејзината гувернанта грофицата де Марсан ја носела со нејзината постара сестра, Мадам Клотилда, во уметничките салони. Елизабета покажувала вистинска склоност кон цртањето и некои од нејзините дела денес се зачувани во музејот на Версај. Таа имала и развиен спортски дух, и го сакала јавањето. Позната по својата добрина и голема побожност, Мадам Елизабет била под влијание на нејзините тетки, ќерки на Луј XV, за што сведочи нејзината коресподенција.

Револуцијата[уреди]

Мадам Елизабет

Елизабета и нејзиниот брат Шарл-Филип, грофот од Артоа, биле поконзервативните во кралското семејство. За разлика од братот, кој по наредба на кралот, ја напуштил Франција на 17 јули 1789, три дена по заземањето на Бастија,[3] таа решила да остане со кралот. Дури и потоа, по 6 октомври 1789, иако можела заедно со тетките да се повлече во замокот Белви близу Медон, таа одбрала да ја дели судбината со својот брат Луј XVI. Откако кралското семејство било донесено од Версај во Париз, на принцезата Елизабета ѝ бил доделен стан во дворецот Тилери каде престојувала сè до затворањето во затворот во кулата Темпл.

Принцезата била жена со карактер, зрела и промислена која честопати се противела на ставовите како на нејзиниот брат така и на снаата Марија Антоанета. Нивните милења најчесто се судирале во однос на изборот на политичка стратегија. Принцезата била против уставната монархија. Со посредство на грофот Вирие, таа редовно се допишувала со грофот од Артоа, нејзиниот брат, со кого делела исти идеи. Едно од нејзините писма било откриено од страна на надлежните и станало предмет на разгледување во Народното собрание.

Принцезата Елизабета велела дека кралот дозволува да биде воден од своите министри продадени на собранието и дека не постоела надеж без надворешна помош. Таа му укажувала на грофот од Артоа да делува и да ги ангажира другите владетели на Европа да работат во нивен интерес, бидејќи, како што велела, Луј XVI е толку слаб што доколку го побараат тоа од него, самиот би си ја потпишал смртната казна.

Кога Мадамите ја напуштиле Франција и заминале во државите на Папата во 1791, таа повторно одбрала да остане со својот брат и со снаата. Учествувла во бегството на кралското семејство на 20 јуни 1791 кое било неуспешно бидејќи биле фатени и вратени во дворецот Тилери.

Елизабета како дете, портрет од Жозеф Дикре, 1768

По настаните на 10 август 1792, Народното собрание го симнало од престолот кралот Луј XVI и објавил со декрет дека "Луј Капет, неговата сопруга и нивните деца (Луј-Шарл и Марија-Тереза), како и Елизабета, до следната издадена наредба да бидат затворени во Кулата Темпл".

Конвенцијата отпрвин планирала Елизабета "Капет" да биде протерана од Франција, но поради некои документи во случајот против Марија Антоанета, поттикнаале декрет затвореничката да излезе пред Револуционерниот суд[4].

Во последните денови на својот живот (во текот на 1793), Елизабета својата ќелија ја делела со петнаесетгодишната внука на која и била утеха по погубувањето на родителите. Марија Тереза подоцна напишала: "Чувствувам дека ја имам нејзината природа . . . [таа] ме сметаше и се грижеше за мене како да сум ѝ ќерка, а јас ја почитував како моја втора мајка".[5]

За одреден број пратеници, меѓу кои и Робеспјер, Мадам Елизабет не претставувала опасност за иднината на Републиката, но поради задкулисната борба на членовите на комитетите, изборот на жртвите станувал сé помалку селективен.

Погубувањето[уреди]

На 9 мај 1794, од ќелијата што ја делела со внуката била пренесена во Консиержеријата и била изведена пред Револуционерниот суд. Во текот на судењето, на јавниот обвинител кој ја ословувал со називот сестра на тиранинот, таа му одговорила:

Да бил мојот брат тоа што го велите, Вие немаше да бидете таму каде што сте, ниту пак јас ќе бев каде што сум!


… Била осудена на смрт и погубена уште следниот ден.[6]

На 10 мај 1794, била донесена на плоштадот на Републиката, и била погубена последна од 25-те други погубени на тој ист ден. Нејзиното обезглавено тело било закопано во заедничката гробница на гробиштата Еранси..[7] За време на Реставрацијата, нејзиниот брат Луј XVIII сакал нејзините посмртни останки да ги погреба во кралската гробница но безуспешно. После Револуцијата, посмртните останки на принцезата, заедно со останатите, биле пренесени во Катакомбите во Париз а во базиликата Сен-Дени во Париз бил поставен медаљон којшто ја претставува.

Библиографија[уреди]

  • E-M. du L., Madame Elisabeth de France, Librairie académique Perrin, Paris ,1932, deux tomes, 1ère partie, 666 p., (1764-1791), 2ème partie, 690 p. (1791-1794);
  • Noëlle Destremau, Une Sœur de Louis XVI, Madame Élisabeth, [Texte imprimé], Nouvelles éditions latines, 1983, 140 p, ISBN 2-7233-0214-8 (Br.);
  • Martial Debriffe, Madame Élisabeth : la princesse martyre, le Sémaphore, 1997, 196 p; ISBN 2-9510569-5-8 (br.);
  • Monique de Huertas, Madame Élisabeth, sœur de Louis XVI, éditions Perrin, coll. Paris, 1985, 428 стр, de planches illustrées, ,
  • Monique de Huertas, Madame Élisabeth, la sœur martyre de Louis XVI, éditions Pygmalion, Paris, 2000, 327 стр., ,
    • réédition, sous le titre Madame Élisabeth, la sœur martyre de Louis XVI, éditions Pygmalion, coll. Grandes dames de l'histoire, Paris, 23 septembre 2009, 318 p.,
  • Élisabeth Reynaud, Madame Élisabeth, sœur de Louis XVI : biographie, éditions Ramsay, Paris, 2007, 389 p., .
  • Jean de Viguerie, Le Sacrifice du Soir, vie et mort de Madame Elisabeth, sœur de Louis XVI, Editions du Cerf, 2010.
  • Madeleine Louise de S., Madame Élisabeth INCONNUE, Beauchesne et ses fils, 1955, Préface de S.A.R. Le Prince Xavier de Bourbon.

Иконографија[уреди]

  • Olivier Blanc, Portraits de femmes, artistes et modèles à l’époque de Marie-Antoinette , Paris, Éditions Didier Carpentier, 2006.

Наводи[уреди]

  1. Achaintre, Nicolas Louis, Histoire généalogique et chronologique de la maison royale de Bourbon, Vol. 2, (Rue de l'École de Médecine, 1824), 168.
  2. Diderot & d'Alembert Encyclopédie méthodique: Jurisprudence, Paris, 1786, p. 159 [1]
  3. Castelot, André, Charles X, La fin d'un monde, Perrin, Paris, 1988, pp. 79-80, ISBN 2-262-00545-1
  4. Тие документи главно биле оние запленети по налог на собранието после заминувањето на кралското семејство од Тилери на 20 јуни 1791.
  5. Nagel, Sophie (2009). „Marie-Thérèse: The Fate of Marie Antoinette's Daughter“. стр. 144. 
  6. Trial and execution (French): de Beauchesne, Alcide-Hyacinthe, La vie de Madame Élisabeth, sœur de Louis XVI, Volume 2, Henri-Plon Éditeur-Imprimeur, Paris, 1870, pp. 199-205, 219-250.
  7. de Rochegude, Félix, Promenades dans toutes les rues de Paris, VIIIe arrondissement, Hachette, Paris, 1910, p. 46.
Портал „Франција